Bosch GML 10,8 V-LI Professional Manual Original página 124

Ocultar thumbs Ver también para GML 10,8 V-LI Professional:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 22
OBJ_BUCH-1619-003.book Page 124 Monday, March 9, 2015 11:22 AM
124 | Македонски
Поимот „Радио апарат за градилиште" што се користи во
безбедносните напомени се однесува на електрични
радио апарати за градилиште (со мрежен напојувач) и на
батериски радио апарати за градилиште (без мрежен
напојувач).
 Работниот простор секогаш нека биде чист и добро
осветлен. Неуредниот или неосветлен работен
простор може да доведе до несреќи.
 Мрежниот приклучок на напојувачот мора да
одговара на приклучницата. Приклучокот во никој
случај не смее да се менува. Не користете
адаптерски приклучоци во комбинација со радио
апаратот за градилиште. Неменувањето на
прекинувачот и соодветните приклучници го
намалуваат ризикот од електричен удар.
 Не го користите кабелот на мрежниот напојувач за
друга намена, на пр. за да го носите радио апаратот за
градилиште, за да го закачите или да го извлечете
приклучокот од приклучницата. Држете го кабелот
подалеку од топлина, масло, остри рабови или
подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или
свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
 Целосно одвиткајте го приклучниот кабел на
мрежниот напојувач, доколку го користите радио
апаратот со мрежен приклучок. Инаку приклучниот
кабел може да се загрее.
 Мрежниот приклучок треба да биде достапен за
извлекување во било кое време. Мрежниот приклучок
претставува единствена можност да го исклучите радио
апаратот за градилиште од струјната мрежа.
Држете го радио апаратот за градилиште и
мрежниот напојувач подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во радио
апаратот за градилиште или мрежниот
напојувач го зголемува ризикот од електричен
удар.
 Одржувајте ја чистотата на радио апаратот за
градилиште и мрежниот напојувач. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
 Пред секоја употреба проверете ги радио апаратот за
градилиште, мрежниот напојувач, кабелот и
приклучокот. Не го користете радио апаратот за
градилиште доколку забележите оштетувања. Не го
отворајте сами радио апаратот за градилиште и
мрежниот напојувач и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи само
оригинални резервни делови. Оштетените радио
апарати за градилиште, мрежни напојувачи, кабел и
приклучок го зголемуваат ризикот за електричен удар.
 Овој радио апарат за градилиште не е предвиден за
користење од страна на деца и лица со намалени
психички, физички или ментални способности или
недоволно искуство и знаење. Овој радио апарат за
градилиште може да го користат деца над 8 години,
како и лица со намалени физички, сензорни и
ментални способности или недоволно искуство и
знаење, доколку се под надзор од лица одговорни
1 609 92A 0ZW | (9.3.15)
за нивната безбедност или се подучени за безбедно
ракување со радиото и ги разбираат опасностите
кои може да произлезат од истото. Инаку постои
опасност од погрешна употреба и повреди.
 За време на користењето, чистењето и
одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со радио
апаратот за градилиште.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
 Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
меѓу двата пола може да предизвика пожар или
изгореници.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Батериите полнете ги само со полначи кои се
препорачани од производителите. Доколку полначот
кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го
користите со други батерии, постои опасност од пожар.
 Батеријата користете ја само заедно со Вашиот
радио апарат за градилиште и/или електричен
апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и
работните напомени во упатството за користење на
уредите коишто ги приклучувате на радио апаратот
за градилиште.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Bosch Power Tools
loading