OBJ_BUCH-594-004.book Page 120 Friday, April 29, 2016 4:50 PM
120 | Македонски
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Канал за вшмукување (види слика F)
Закачете го каналот за вшмукување 8 под дршката 6 на
куќиштето и оставете го да се вклопи на запците за
заклучување 10.
За да го извадите каналот за вшмукување 8 повлечете го
од запците 10 и извадете го наназад.
Приклучување на вшмукувачот за прав
Вметнете едно црево за вшмукување (со дијаметар 35 мм,
опрема) во млазниците за вшмукување 7. Цревото за
вшмукување поврзете го со еден вшмукувач за прав
(опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За време на вклучувањето листовите за пилата не
смеат да налегнуваат ниту да допираат нешто.
За вклучување на електричниот апарат притиснете на
левата или десната страна на блокадата при вклучување 4,
1 609 92A 2PW | (29.4.16)
држете ја притиснете и потоа притиснете на прекинувачот
за вклучување/исклучување 5.
За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5.
При подолготрајно работење со мал број на удари,
електричниот апарат може многу да се вжешти. Извадете
го листот за пила и оставете го електричниот апарат да
работи околу 3 мин. со максимален број на одови.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Претходно избирање на бројот на одови
Со копчето за подесување на бројот на удари 3 може да го
изберете бројот на удари и да го промените за време на
работата.
1–2:
низок број на удари
3–4:
среден број на удари
5–6:
висок број на удари
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали
итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр.
клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете ги.
Добро затегнете го делот за обработка и во никој случај не
го потпирајте со раката или со ногата.
Патеката на сечење мора да биде ослободена од
пречки од горната и долната страна.
Вадете го штитникот за листовите за пила 11 само за
време на сечењето.
Држете го цврсто електричниот апарат при поставување
на делот што се обработува. Внимавајте да не дојде во
контакт со подот или други предмети (опасност од
повратен удар).
По завршување на работниот процес исклучете го
електричниот апарат.
Доколку се заглават листовите за пилата, веднаш
исклучете го електричниот апарат. Раширете го процепот
што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и
извлечете го електричниот апарат.
Не го користете мечот 1 како лост за вадење на исечените
парчиња дрво и сл.
Пили за вдлабнување (види слики G – H)
Со пилите за вдлабнување смее да се обработуваат
само материјали како дрво, гипс картон исл. !
Електричниот апарат поставете го со врвот на делот што се
обработува и вклучете го. При сечењето мечот треба да се
вдлабне внимателно во делот што се обработува, додека
не се исече истиот.
Bosch Power Tools