OBJ_BUCH-2568-002.book Page 351 Tuesday, November 8, 2016 1:33 PM
Замена на алатот
(Тип 0 602 226 ..., 0 602 227 ..., 0 602 228 ...,
0 602 229 ..., 0 602 233 ...)
Користете само брусни клинови со соодветен
дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар
на држачот не одговара на прифатот за алат на
електричниот апарат (види „Технички податоци"),
може да не се зацврсти добро и да ја оштети
затегнувачката чаура.
При ставањето на брусниот клин, внимавајте
држачот на брусниот клин да лежи цврсто во
прифатот за алат. Доколку држачот на брусниот клин
не е доволно длабоко вметнат во прифатот за алат,
брусниот клин може да се слизне и да не може повеќе
да се контролира.
Не користете брусни плочи за сечење и алати за
глодање. Електричниот апарат не располага со
сигурносни справи за овие алати за вметнување.
Дозволениот број на вртежи на брусниот клин мора
да биде исто толку висок како највисокиот број на
вртежи наведен на електричниот апарат. Приборот
кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и
да летне од алатот.
Користете само исправни, неизабени брусни
клинови. Дефектните брусни клинови може на пр. да
се скршат и да доведат до повреди и материјални
штети.
Откако сте го провериле и ставиле брусниот клин, не
им дозволувајте на лицата да бидат во близина на
нивото на ротирачкиот брусен клин и оставете го
алатот да врти една минута со максимален број на
вртежи. Повеќето од оштетените брусни клинови ќе се
скршат во текот на овој пробен период.
Алатот за вметнување мора да се затегне најмалку
10 mm. Со помош на внатрешните димензии на
држачот L
од податоците на производителот може да
0
го дознаете максималниот дозволен број на вртежи на
алатот за вметнување. Тој не смее да биде под
максималниот број на вртежи на електричниот апарат.
Користете само соодветни и неоштетени
вилушкасти клучеви (види „Технички податоци").
Тип 0 602 226 ..., 0 602 227 ..., 0 602 228 2..,
0 602 229 ... (види слика H)
Вметнување на брусниот клин
– Исчистете го вретеното за брусење 4 и сите делови што
треба да се монтираат.
– Вретеното за брусење 4 цврсто задржете го со
вилушкаст клуч 14 на површината на клучот.
Олабавете ја затезната чаура 11 со вилушкаст клуч 26
со вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
– Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до
крај во затегнувачката чаура 3.
– Држете го цврсто вретеното за брусење 4 со вилушкаст
клуч 14 и затегнете го брусното тело 1 со вилушкаст
клуч 26 со вртење во правец на стрелките на
часовникот.
Bosch Power Tools
Брусните тела мора да се движат беспрекорно кружно. Не
ги употребувајте нетркалезните брусни тела, туку
заменете ги со нови.
Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура
со затегнувачката навртка, доколку не е монтирано
брусно тело. Инаку, затегнувачката чаура може да се
оштети.
Тестирајте ја работата на новомонтираните брусни
клинови без оптоварување.
Вадење на брусниот клин
Брусните клинови може да
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
се вжештат при подолга
употреба на електричниот апарат. Користете заштитни
ракавици, за да го извадите брусниот клин.
Олабавете ја стезната навртка како што е претходно
опишано и извадете го брусниот клин.
Тип 0 602 233 ... (види слика I)
Вметнување на брусниот клин
Затезната чаура 3, во која се става брусниот клин 1, се
наоѓа директно на вретеното за брусење 4.
– Исчистете го вретеното за брусење 4 и сите делови што
треба да се монтираат.
– Вретеното за брусење 4 цврсто задржете го со
вилушкаст клуч 14 на површината на клучот.
Олабавете ја затезната чаура 3 со вилушкаст клуч 13 со
вртење во правец спротивен на стрелките од
часовникот.
– Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до
крај во затегнувачката чаура 3.
– Држете го цврсто вретеното за брусење 4 со вилушкаст
клуч 14 на површината на клучот и прицврстете го
брусниот клин 1 со вилушкаст клуч 13 на затезната
чаура 3 со вртење во правец на стрелките на
часовникот.
Тестирајте ја работата на новомонтираните брусни
клинови без оптоварување.
Вадење на брусниот клин
Брусните клинови може да
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
се вжештат при подолга
употреба на електричниот апарат. Користете заштитни
ракавици, за да го извадите брусниот клин.
Олабавете ја затезната чаура како што е претходно
опишано и извадете го брусниот клин.
Тип 0 602 228 3.. (види слика J)
Вметнување на брусниот клин
– Вртете го вретеното за брусење 4 во правец на или во
правец спротивен на стрелките на часовникот, додека
отворот во куќиштето на вретеното 5 не стане видлив
во процепот на ексцентричната болцна.
– Уметокот на аголниот одвртувач опфатен со испораката
27 ставете го процепот во ексцентричната болцна.
Вртете го аголниот одвртувач во правец на стрелките на
часовникот, за да го попуштите ексцентричното
затегнување.
Затезната чаура 3 притоа малку се поместува од
вретеното за брусење 4.
Македонски | 351
1 609 92A 36H | (8.11.16)