Bosch GWS Professional 15-125 CIH Manual Original página 223

Ocultar thumbs Ver también para GWS Professional 15-125 CIH:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 34
OBJ_BUCH-165-009.book Page 224 Tuesday, April 12, 2016 2:31 PM
224 | Македонски
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Монтирање на заштитните уреди
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот
апарат мора да се прати во сервисната служба, за
адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети
при користење".
Заштитна хауба за брусење
Ставете ја заштитната хауба 12
на грлото од вретеното според
сликата. Ознаките со
триаголници на заштитната
хауба мора да одговараат на
соодветните ознаки на
погонската глава.
Притиснете ја заштитната хауба
12 на грлото на вретеното
додека венецот на заштитната
хауба не легне на прирабницата
на електричниот апарат и вртете
ја заштитната хауба додека не
осетите дека се вклопила.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба 12 според
потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го
лостот за отклучување 1 нагоре и завртете ја заштитната
хауба 12 во саканата позиција.
 Поставете ја заштитната хауба 12 на тој начин што ќе
го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
 Заштитната хауба 12 смее да се врти само со
движење на лостот за отклучување 1! Инаку,
електричниот апарат не смее да се користи и мора
да се предаде на сервисната служба.
Совет: Кодираните запци на заштитната хауба 12
гарантираат, дека на електричниот апарат може да се
монтира само една заштитна хауба што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
14.
 При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
1 609 92A 2P4 | (12.4.16)
Заштитната хауба за сечење 14 се монтира како заштитна
хауба 12 за брусење.
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачки водилки
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки 21 се
монтира како заштитна хауба за брусење 12.
Хауба за вшмукување при брусењето
За брусење на бои, лакови и пластика со лончести плочи
од цврст метал 9 или гумен брусен диск 17 со лист за
брусење 18 каде не се создава многу прав може да ја
користите хаубата за вшмукување 7. Хаубата за
вшмукување 7 не е погодна за обработка на метал.
На хаубата за вшмукување 7 може да се приклучи Bosch-
вшмукувач.
Хаубата за вшмукување 7 се монтира како и заштитната
хауба 12. Обрачот со четки е заменлив.
Дополнителна дршка
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 5.
Зашрафете ја дополнителната дршка 5 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Заштита за дланките
 При работа со гумен диск 17 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 16.
Зацврстете ја заштитата за дланки 16 со дополнителната
дршка 5.
Монтирање на брусни алати
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 6 и сите делови што
треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното 2, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
 Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете
ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Bosch Power Tools
loading