Ethicon Harmonic HD 1000i Manual Del Usuario página 84

Ocultar thumbs Ver también para Harmonic HD 1000i:
ETHICON
Ножици Harmonic® HD 1000i
Внимателно прочитајте ги сите упатства.
Доколку не ги следите упатствата правилно, може да доведе до тешки хируршки последици.
Важно: oвој додаток во пакетот дава упатства за употреба на ножиците HARMONIC
Не е препорака за хируршки техники.
Индикации
Инструментот Ножици HARMONIC HD 1000i е индициран кај инцизии на меко ткиво кога се
потребни контрола на крвавењето и минимална термална рана. Општо земено, инструментите може
да се користат како дополнение или замена за електрохирургија, ласери или челични скалпели,
пластична хирургија, пердијатриски, гинеколошки, уролошки и торакални постапки, изложеност на
ортопедски структури (не пр. 'рбетен или зглобен простор), спојување или трансекција на лимфни
садови, и други отворени и ендоскопски постапки. Инструментите овозможуваат коагулација
на крвните садови со дијаметар до најмногу 7 mm со помош на копчето Енергија со Напредна
хемостаза.
Контраиндикации
Инструментите не се наменети за инцизија на коски.
Инструментите не се наменети за контрацептивна оклузија на јајцеводите.
Несакани нуспојави/Преостанати ризици
Несаканите нуспојави и ризици поврзани со ултразвучните уреди вклучуваат можност од крвавење,
повреда на ткивото поради механичко или термално оштетување, поставување нестерилни површини
или остварување патоген трансфер, воспалителна или несакана реакција на ткивото, струен удар,
страно тело или некомпатибилност со магнетна резонанса, како и штета во животната средина. Исто
така, неочекуваната повреда, продолжената хирургија или променетиот хируршки пристап може да
се појават како резултат од активирање на уредот, оштетени уреди, електромагнетна интерференција,
звучен шум поради неправилно склопување, погрешно користење на момент-клучот или обид да се
замени уредот.
Опис на уредот
Инструментот Ножици HARMONIC HD 1000i е стерилен инструмент за употреба само на еден
пациент со цел за дисекција, фаќање, коагулација и сечење помеѓу сечилото и стегалката. Се состои
од ергономска дршка со интегриран рачен уред и две копчиња за спроведување енергија:
1) Копче Енергија
– корисникот може да ги приспособува нивоата на моќност од 1 до 5.
2) Копче Енергија со Напредна хемостаза
не може да го приспособува нивото на моќност.
Инструментот може да се најде со две должини на телото – 20 cm и 36 cm.
Интегрираниот звучен и допирен механизам на дршката покажува целосно затворање на чкрапецот.
Инструментот има стегалка и обложено закривено сечило кои се дизајнирани за работа низ трокар од
5 mm, низ редукциско капаче од 5 mm во трокар со поголем дијаметар или низ инцизија без употреба
на трокар. Телото на инструментот може да ротира постојано за да ја олесни видливоста и пристапот
до целното ткиво. Двете цртички на инструментот служат за да ја претстават релативната големина
на крвниот сад. Копчето Енергија е индицирано за крвни садови со дијаметар до 5 mm. Кога се
користи копчето Енергија, брзината на сечење е најголема. Копчето Енергија со Напредна хемостаза
е дизајнирано за поголеми крвни садови и е индицирано за крвни садови со дијаметар до 7 mm. Кога
се користи копчето Енергија со Напредна хемостаза, брзината на сечење се намалува, а хемостазата
се зголемува. Инструментот користи технологија за приспособување на ткивото. Тоа му овозможува
на генераторот да го препознава и да го набљудува инструментот за време на работењето со што на
генераторот му се дава можност да го модулира и приспособи излезот на моќност, но и да му даде
соодветен повратен звучен сигнал на корисникот.
HD 1000i.
®
– за спојување големи крвни садови; корисникот
1
Инструментот Ножици HARMONIC HD 1000i е дизајниран да се користи само со верзија на
софтверот 2016-1 или понова од генераторот G11 (GEN11). Ревизија на софтверот може да се најде во
„System Information" (Информации за системот) во менито „Settings" (Поставки) во генераторот G11
(GEN11). Повеќе информации за генераторот G11 (GEN11) може да се најдат во Упатството за
корисникот.
Илустрација и номенклатурa (Илустрација 1)
1. Обложено сечило
5.
2. Стегалка и ткивно перниче
6.
3. Тело
7.
4. Копче за ротација
8.
Услови на транспорт и чување
Температура: од -22°C до +60°C
Релативна влажност: 10-80%
Изјави за Предупредување и Внимание
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: изјавата за Предупредување означува постапка, практика или услов за
работење или одржување и ако не се придржувате строго до неа, може да доведе до лична повреда
или смрт.
Внимание: изјавата за Внимание му укажува на корисникот дека има потенцијално опасна ситуација
која, доколку не се избегнува, може да доведе до мала или средна повреда на корисникот или
пациентот, односно оштетување на опремата или други предмети. Може да се користи и за да се
укаже на небезбедни практики. Тоа ги опфаќа неопходната специјална грижа за безбедно и ефикасно
користење на уредот и неопходната грижа за да се избегне оштетување на уредот што може да се
случи како резултат на користење или погрешно користење.
Упатство за употреба
Проверете ја компатибилноста на сите инструменти и приборот пред да го користите овој инструмент
(прочитајте во Предупредувања и мерки на претпазливост).
1
Извадете го инструментот од амбалажата со помош на стерилна техника. За да избегнете
оштетување, не превртувајте го инструментот во стерилното поле.
Поврзете го инструментот со генераторот и вклучете го генераторот в струја.
2
Изберете го саканото ниво на моќност со помош на копчињата INCREASE (Зголеми)
3
и DECREASE (Намали) на екранот на допир од генераторот. Може да се приспособи само
нивото на моќност за копчето Енергија (1-5). Стандардното ниво за моќност на системот
е 5 (Илустрација 2). За поголема брзина на сечење на ткивото користете повисоко ниво на
моќност на генераторот, а за поголема коагулација користете пониско ниво. Износот на
спроведена енергија во ткивото и добиените ефекти врз ткивото претставуваат функција од многу
фактори, вклучувајќи го избраното ниво на моќност, карактеристиките на сечилото, силата на
фаќање, притисокот врз ткивото, типот на ткивото, патологијата и хируршката техника.
4
Затворете ја стегалката со затворање на чкрапецот и вметнете го телото низ трокарот или
инцизијата (Илустрација 3).
Поставете го ткивото во вилиците на саканата местоположба. Телото на инструментот може да
5
ротира постојано со помош на копчето за ротација за да ја олесни видливоста и пристапот до
целното ткиво.
6
Стегајте го чкрапецот додека не запре на пластичната дршка (и ќе се чуе клик) за да го затворите
целното ткиво меѓу вилиците.
• За да постигнете целосно спојување, чкрапецот треба да биде целосно затворен, а крвниот сад
целосно сместен помеѓу стегалката и сечилото на уредот. Звучен и допирен „клик" покажува
целосно затворање на чкрапецот. За да постигнете целосно затворање на вилиците од уредот,
притиснете го пластичниот чкрапец додека не почувствувате дека ќе запре на пластичната дршка
(пластика на пластика). Силата на фаќање треба да се одржи во текот на целата постапка на
трансекција за да се задржи чкрапецот затворен.
7
За да го активирате сечилото на инструментот, притиснете еден од педалите на ножниот
прекинувач или едно од копчињата за енергија на инструментот.
Копче Енергија
Копче Енергија со Напредна хемостаза
Дршка
Чкрапец
2
loading