Bosch AdvancedGlue 18V Manual Original página 127

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
Батерија (не се вклучени во
испораката)
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија што се користи за
вашиот пиштол за лепење.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат
делумно наполнети порани меѓународните прописи за
транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во
прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете
на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа
не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Кога пиштолот за лепење е вклучен, приказот за
наполнетост на батеријата го сигнализира преостанатиот
капацитет на батеријата.
Ако по загревањето трепка копчето за избор на
температура (7) или (9) во црвено, батеријата има
помалку од 30 % од нејзиниот капацитет и треба да се
наполни.
Ако свети копчето за избор на температура (7) или (9) во
црвено, батеријата е целосно испразнета и треба да се
наполни.
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Извадете ја акумулаторската батерија од пиштолот за
лепак ако не планирате да го користите подолго време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
– За вклучување на пиштолот за лепење притиснете го
копчето за вклучување/исклучување (8).
Пиштолот за лепење се загрева со последната
поставена работна температура (130 °C или 200 °C).
Bosch Power Tools
За време на загревањето трепка соодветното копче за
избор на температура (7) или (9) во зелено. Ако
непрекинато свети во зелено, тогаш пиштолот за
лепење е подготвен за работа.
Ако ја промените работната температура за време на
работата, трепка соодветното копче за избор на
температура (7) или (9) во зелено, додека не се постигне
саканата целна температура. За време на процесот на
ладење од 200 °C до 130 °C, тоа може да потрае неколку
минути.
– За исклучување на пиштолот за лепење држете го
притиснато копчето за вклучување-исклучување (8)
додека LED светилката на соодветното копче за избор
на температура (7) или (9) не се изгаси.
Напомена: Ако пиштолот за лепење не се користи
подолго од 10 min, автоматски се исклучува за да
заштеди енергија.
– Ако копчето за избор на температура (7) или (9)
постојано свети црвено по повторно вклучување,
мора да ја наполните батеријата.
По употребата оставете го пиштолот за лепење на
u
безбедно место и целосно нека се олади пред да го
спакувате. Врелата млазница може да предизвика
штети.
Совети при работењето
Заштитете ги лицата и животните од врелата смеса
u
за лепење и врвот на млазницата. Смесата за
лепење и врвот на млазницата стануваат жешки до
околу 200 °C постои опасност од изгореници. Доколку
со врелата смеса за лепење ја допрете кожата, држете
го допреното место неколку минути под ладен млаз
вода. Не се обидувајте да ја отстраните жешката смеса
за лепење од кожата.
Користете само смеса за лепење што е препорачана од
производителот на пиштолот за лепење и соодветна за
работната температура.
Лепливиот спој може да се разложи под влијание на влага
или топлина.
Подготовка за лепење
Местата на лепење мора да бидат чисти, суви и без
маснотии.
Материјалите што се лепат како и подлогата на која се
работи, не смеат да бидат лесно запаливи.
Проверете ја претходно отпорноста на топлина на
материјалите, на едно парче за проба.
Деловите што треба да се лепат не смеат да бидат со
температура пониска од +5 °C и повисока од +50 °C.
Материјалите кои брзо ја ладат смесата за лепење треба
претходно да се загреат со дувалка за топол воздух.
Лепење
– Вметнете го патронот за лепење (3) кој е соодветен за
материјалот во преградата за патрони за лепење (4).
– Вклучете го пиштолот за лепење и по потреба со
притискање на соодветното копче за избор на
Македонски | 127
1 609 92A 85W | (08.08.2022)
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido