• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Носете заштита за ушите (изложеност на тие звуци
и бука, може да доведе фо трајно оштетување на
слухот)
• Користете ги страничните дршки кои се
испорачуваат заедно со машината (губењето на
контрола може да доведе до повреди)
• Држете го алатот за изолираните површини за
зафаќање кога извршувате работа при која што
дополнителната опрема за сечење може да
дојде во контакт со сокриените жици или со
кабелот (ако дополнителната опрема за сечење
дојдат во контакт со жица под напон може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат електричен удар на операторот)
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Внимавајте на создадените сили кај алатот, за време
на блокадата (особено при дупчење метал); алатот
секогаш да се држи за страничната дршка H 2 и
да се завземе сигурен став
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
УПОТРЕБА
• Вклучено/Исклучено 4
• Блокирање на прекинувачот за постојана употреб 5
• Закочување на прекинувачот за лесен старт 6
• Контрола на максималната брзина 7
Со тркалцето B 2 можете да ја подесите
максималната брзина според нивоа, од минимум до
максимум
• Промена на насоката на ротација 8
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот A нема да може да стартува
- алатот работи со лимитирана брзина кога е
поставен за ротација налево
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
• Подесување на режимот за работа 9
- притиснете го копчето F за да откочите
прекинувачот E
- подесете го прекинувачот E на саканиот режим
додека не кликне во положбата
! почнете со работа само ако прекинувачот E е
заклучен
1 = нормално дупчење/навртување
2 = дупчење со чекан
3 = длабење
! подесувањето на режимот на работа се врши
само кога алатот е исклучен и приклучокот е
изваден од струја
- механизмот со чеканот се активира со благ
притисок на алатот, додека сврделот се наоѓа во
допир со материјалот кој се обработува
- најдобри резултати за чекан дупчење дупчење се
постигнуваат само со лесен притисок на алатот,
при што се активира автоматскиот механизам;
резултатот на дупчењето не се подобрува со
посилно притискање на апаратот
• Промена на бургиите 0
! исчистете го и намачкајте го SDS+ приборот со
масло пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање G наназад и
вметнете го приборот во SDS+ главата, вртете ја и
туркајте го приборот додека не го затегнете;
приборот сам се затегнува автоматски
- повлечете го приборот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- извадете го приборот, така што ќе а повлечете
наназад главата за стегање G
! SDS+ приборот бара неограничена слобода на
движењето, која предизвикува ексцентрична
работа со алатот во празен од; за време на
работата, таа сама се центрира; ова нема
влијание врз прецизноста на дупчењето на
отворот
! не употребувајте оштетени бургии/длета
• Безбедносен механизам
За време на блокадата на приборот, се прекинува и
работата на вретенното (соѓа до создавање на бука)
- веднаш исклучете го алатот
- отстранете го блокираниот прибор
- одново вклучете го алатот
• Приспособување на длабочината на дупчењето !
• Држење и насочување на алатот @
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- алатот секогаш држете го за страничната
дршка H (може да се приспособува, како на
цртежот)
- отворите за ладење држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете соодветни бургии #
! употребувајте само остри бургии/длета
• При дупчење во дрво, метал и пластика, како и
навртување, употребувајте соодветен адаптерот
(SKIL прибор 2610395660) $
! исчистете го и намачкајте го SDS+ адаптерот
со масло пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање G 2 наназад и
вметнете го адаптерот во SDS+ главата, вртете ја
и притискајте го адаптерот додека не го стегнете;
адаптерот сам се затегнува автоматски
- повлечете го адаптерот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- подесете го прекинувачот E 2 за нормално
дупчење (подесувањето се врши само кога
алатот е исклучен и приклучокот е изваден од
струја)
96