Skil F0151036 Serie Manual Original página 102

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 38
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА УДАРНИ ДУПЧАЛКИ
ОПШТИ
Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРИБОР
SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
ПРЕД УПОТРЕБА
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Носете заштита за ушите (изложеност на тие звуци
и бука, може да доведе фо трајно оштетување на
слухот)
Користете ги страничните дршки кои се
испорачуваат заедно со машината (губењето на
контрола може да доведе до повреди)
Држете го алатот за изолираните површини
за зафаќање кога извршувате работа при која
што дополнителната опрема за сечење може
да дојде во контакт со сокриените жици или со
кабелот (ако дополнителната опрема за сечење
дојдат во контакт со жица под напон може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат електричен удар на операторот)
Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
Во случај на ненадејна блокада на бургијата, со
создавање на повратни сили кај алатот, веднаш
треба да го исклучите алатот
Внимавајте на создадените сили кај алатот, за време
на блокадата (особено при дупчење метал); алатот
секогаш да се држи за страничната дршка K 2 и
да се завземе сигурен став
ПО УПОТРЕБА
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
Вклучено/Исклучено 6
Блокирање на прекинувачот за постојана употреба
7
Закочување на прекинувачот за лесен старт 8
Контрола на максималната брзина 9
Со тркалцето B 2 можете да ја подесите
максималната брзина според нивоа, од минимум до
максимум
Промена на насоката на ротација q
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот A нема да може да стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
Подесување на режимот за работа w
- притиснете го копчето E за да откочите
прекинувачот F
- подесете го прекинувачот F на саканиот режим
додека не кликне во положбата
! почнете со работа само ако прекинувачот F е
заклучен
1 = пониска брзина за завртување и дупчење на
отвори со голем дијаметар
2 = повисока брзина за дупчење отвори со мал
102
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

1036

Tabla de contenido