! перфорацијата на брусната хартија треба да е
соодветна на перфорацијата на брусната плоча
! навремено заменете ја истрошената брусна
хартија
! целосната површина за брусење треба да
биде прекриена со брусна хартија кога ќе го
користите алатот
- поставете хартија за брусење од ВЕЛКРО како што
е прикажано
•
Поставување специјални приклучоци за пескарење
(не се добива заедно со алатот) 9
- извадете ја шмирглата за пескарење од ВЕЛКРО
- извадете го делта-врвот A додека го притискате
копчето B
- поставете го посакуваниот додаток за брусење
како што е прикажано
- поставете ја соодветната шмиргла за пескарење од
ВЕЛКРО на приклучокот за пескарење
•
Вшмукување прашина
! не користете ја кесата за прашина за собирање
прашина кога брусите метал
Кеса за прашина q
- монтирајте кесата за прашина D
- празнете ја редовно кесата за прашина за да
постигнете оптимално собирање на прашината
•
Прекинувач за вклучување/исклучување
- алатот вклучете/исклучете го со поместување на
прекинувачот F 2 напред/назад
! алатот треба да го вклучите пред брусната
површина да го допре местото каде ќе
работите
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
•
Држење и насочување на алатот w
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- држете го алатот паралелно со површината која ја
обработувате
- не применувајте многу притисок врз алатот и
оставете ја површината за чистење да ја заврши
работата за вас
- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на
несакани траги од брусењето
- отворите за ладење H 2 држете ги отворени
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
•
Користете го алатот со стандардната ножна педала
за брусење големи површини, агли и рабови e
•
Користете го алатот со специјалните приклучоци за
пескарење за недостапни места r
•
Флексибилната шмиргла за пескарење е наменета за
- заоблување на површини со рабови t a
- сите заоблени површини со максимален дијаметар
од 10 см t b
•
Кога делта-врвот е изабен или оштетен на врвот,
може да му го продолжите рокот на употреба за
двапати ако го извадите, го свртите за 120° и да
го вратите на место (применливо е и за делта-
шмирглата за пескарење) y
Никогаш не користете ја истата брусна хартија и за
дрво и за метал
•
Препорачана рапавост на брусната хартија:
- користете груба шмиргла (40, 60) за отстранување
боја и за брусење на исклучително грубо дрво
- користете средно груба шмиргла (80, 100, 120) за
брусење грубо или мазно дрво
- користете фина шмиргла за мазнење на дрво
и површини со стара боја, како и за завршна
обработка на голо дрво (180, 240, 320)
•
Користете разни големини на шмиргли кога
површината е груба:
- започнете да пескарите со груба или средна
шмиргла
- завршете со фината шмиргла
•
За повеќе информации видете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
•
Овој алат не е наменет за професионална употреба
•
Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење H 2 )
- со четкичка отстранете ја насобраната прашина од
брусењето
- отстранете ја батеријата од алатот пред чистење
•
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
•
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
•
Не се ослободувајте од електични алати,
батерии, уреди или амбалажа преку нивно
фрлање во домашното ѓубре (само за земјите на
ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 6 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
! пред да се фрли акумулаторската батерија во
отпад, заштитите ги нејзините полови
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
•
Измерено во согласност со EN 62841, нивото на
звучен притисок на оваа алатка е 76 dB(A) и нивото
на звучна моќност 87 dB(A) (несигурност K = 3 dB),
и вибрацијата 4,78 m/s² (триакс векторна сума;
несигурност K = 1.5 m/s²)
•
Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
62841; може да се користи за да се спореди еден
113