Bosch 3 601 JG3 E Serie Manual Del Usuario página 299

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 43
OBJ_BUCH-3153-001.book Page 300 Tuesday, July 11, 2017 1:50 PM
300 | Македонски
Подесете ја позицијата на заштитната хауба 12 според
потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го
лостот за отклучување 1 нагоре и завртете ја заштитната
хауба 12 во саканата позиција.
 Секогаш поставувајте ја заштитната хауба 12 така
што сите 3 црвени запци на лостот за отклучување 1
ќе влезат во соодветните отвори на заштитната
хауба 12.
 Поставете ја заштитната хауба 12 на тој начин што ќе
го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
 Заштитната хауба 12 смее да се врти само со
движење на лостот за отклучување 1! Инаку,
електричниот апарат не смее да се користи и мора
да се предаде на сервисната служба.
Совет: Кодираните запци на заштитната хауба 12
гарантираат, дека на електричниот апарат може да се
монтира само една заштитна хауба што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
17.
 При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење 17 се монтира како заштитна
хауба 12 за брусење.
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачки водилки
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки 27 се
монтира како заштитна хауба за брусење 12.
Дополнителна дршка
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 10.
Зашрафете ја дополнителната дршка 10 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Дополнителна дршка за придушување на вибрациите
Дополнителната дршка за придушување на вибрациите
овозможува работење со мали вибрации и пријатна и
безбедна работа.
 Не ја менувајте дополнителната дршка.
Не ја користете оштетената дополнителна дршка.
Заштита за дланките
 При работа со гумен диск 20 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 19.
Зацврстете ја заштитата за дланки 19 со дополнителната
дршка 10.
1 609 92A 3UT | (11.7.17)
Монтирање на брусни алати
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 11 и сите делови што
треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното 3, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
 Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете
ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
За зацврстување на брусната плоча/брусната плоча за
сечење ставете ја стезната навртка 15 и затегнете ја со
клуч со два отвора, видете во делот „Брзозатезна
навртка".
Внимавајте на цврсто вклопување на алатот за брусење,
така што нема да се одврти од вретеното на крајот од
електричниот алат.
 По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Во приклучната прирабница 13 околу
централниот венец е ставен
пластичен дел (O-прстен). Доколку
недостига O-прстенот или е
оштетен, приклучната прирабница
13 мора да се замени пред
понатамошна употреба.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
 При работата со ламелеста брусна плоча во вид на
лепеза секогаш монтирајте ја заштитата за дланки
19.
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido