CEC и CEC RC Passthrough (во зависност од
моделот)
Оваа функција ви овозможува да ги контролирате
уредите со СЕС, кои се поврзани на ХДМИ
влезови, со далечинскиот управувач на вашиот
телевизор.
Прво треба да се активира опцијата CEC во менито
Систем>Подесувања>Повеќе. Притиснете
го копчењто извор и изберете го HDMI -влез
на поврзаниот CEC-уред од менито список на
извори. Кога ќе се поврзе нов CEC-уред, ќе
се најде на списокот во менито на извори со
сопствено име наместо името на поврзаните
HDMI-влезови (како DVD Player, Recorder 1, итн.).
Далечинскиот управувач на ТВ автоматски ќе
може да ги извршува главните функции откако ќе
го изберете ХДМИ изворот.
За да ја прекинете операцијата и да го контролирате
ТВ-уредот преку далечинскиот управувал,
притиснете го копчето Брзо мени на далечинскиот
управувач, обележете ги CEC RC Passthrough и
поставете ги како „исклучени" со притискање на
копчето „лево" или „десно". Оваа одлика може исто
така да биде овозможена или оневозможена преку
менито Систем-Поставки-Повеќе.
ТВ-уредот ја поддржува и функцијата АПК (аудио
повратен канал - Audio Return Channel). Оваа
функција е аудио-врска наменета да ги замени
другите кабли меѓу ТВ-уредот и аудио системот
(А/В-приемникот или системот на звучници).
Кога е активен АПК, ТВ-уредот не ги пригушува
сите други аудио излези автоматски. Затоа треба
рачно да го намалите звукот до нула доколку
сакате да слушате само звук од поврзан аудио
уред (исто како други оптички или коаксијални
дигитални аудио излези). Ако сакате да го смените
нивото на гласност на уредот, треба да го изберете
тој уред од списокот на извори. Во тој случај,
копчињата за контрола на звукот се насочени кон
поврзаниот аудио-уред.
Забелешка: АПК се поддржува само преку влезот HDMI1.
Контрола врз звукот на системот
Дозволува со ТВ-уредот да се користи аудио-
засилувач/приемник. Јачината на звукот може
да се контролира преку далечинскиот управувач
на телевизорот. За да ја активирате оваа одлика,
поставете ја опцијата Звучници од менито
Поставки-Останати поставки-Повеќе на
Појачувач. ТВ-звучниците ќе бидат пригушени
и звукот на гледаниот извор ќе се обезбеди од
поврзаниот звучен систем.
Забелешка: Аудио-уредот треба да ја поддржува
функцијата „аудио конторла на системот" и CEC-
опцијата треба да бидат ставени на „активирано".
E-прирачник(ако е достапно)
Можете да најдете упатства за одликите на Вашиот
ТВ-уред во Е-прирачникот.
За да го користите е-прирачникот, притиснете го
копчето инфо додека се прикажува основното
мени на екранот.
Со помош на копчињата за навигирање, изберете
ја саканата категорија. Секоја категорија вклучува
разни теми. Изберете тема и притиснете OK за да
ги прочитате упатствата.
За да го затворите екранот на Е-прирачникот
притиснете го копчето Излези или копчето Мени.
Забелешка:
се разликува во зависност од моделот.
Македонски - 17 -
Содржината на Е-прирачникот може да