Што Треба Да Направите Ако Постапката За Чистење Бигор Се Прекине; Кодови За Грешки - Saeco Xelsis Serie Manual Del Usuario

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 138
598
Македонски
9 Ставете нов филтер AquaClean во резервоарот за вода и активирајте го (видете 'Активирање
на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)').
Совет: Користењето на филтерот AquaClean ја намалува потребата за отстранување бигор!
Што треба да направите ако постапката за чистење бигор
се прекине
Може да излезете од постапката за отстранување бигор со притискање на иконата за
вклучување/исклучување што се наоѓа на контролната табла. Доколку се прекине постапката
за отстранување бигор пред да заврши целосно, може да остане малку течност за
отстранување бигор во резервоарот за вода или во колото за вода. Во тој случај, направете го
следново:
1 Испразнете го и исплакнете го резервоарот за вода темелно.
2 Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода до нивото ЧИСТЕЊЕ БИГОР и повторно
вклучете ја машината. Машината ќе се загрее и ќе го изведе автоматскиот циклус на
плакнење.
3 Пред варење пијалаци, изведете циклус на рачно плакнење. За да изведете рачен циклус на
плакнење, прво ставете половина резервоар врела вода, а потоа сварете 2 филџани
претходно мелено кафе без да додадете мелено кафе.
Забелешка: ако постапката за чистење бигор не завршила, ќе биде потребно да се изврши
друга постапка за чистење бигор што е можно поскоро.
Кодови за грешки
Подолу ќе најдете список со кодови на грешки што прикажуваат проблеми коишто може да ги
решите сами. Видео упатствата се достапни на www.saeco.com/care. Ако се појави друг код на
грешка, контактирајте со центарот за грижа на корисници во вашата земја. За деталите за
контакт, погледнете го гарантниот лист.
Код за
Проблем
грешка
01
Инката за кафе е
затната.
03
Групата за варење е
валкана или не е
добро подмачкана.
04
Групата за варење не
е позиционирана
правилно.
Можно решение
Исклучете ја машината и откачете ја од кабел. Извадете ја
групата за варење. Потоа отворете го капакот на
преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката
на лажицата. Движете ја рачката нагоре-надолу додека
заглавеното кафе не испадне (Сл. 28). Посетете ја
www.saeco.com/care за детални видео упатства.
Исклучете ја машината. Исплакнете ја групата за варење
со свежа вода, оставете ја да се исуши на воздух, а потоа
подмачкајте ја (видете 'Подмачкување на групата за
варење'). Погледнете во поглавјето „Чистење на групата за
варење" или посетете ја www.saeco.com/care за детални
видео упатства. Потоа повторно вклучете ја машината.
Исклучете ја машината. Отстранете ја групата за варење и
повторно вметнете ја. Проверете дали групата за варење
е во точната положба пред да ја вметнете. Погледнете во
поглавјето „Ракување на групата за варење" или посетете
ја www.saeco.com/care за детални видео упатства. Потоа
повторно вклучете ја машината.
Tabla de contenido

Solución de problemas

loading

Tabla de contenido