Hitachi F43E4200 Manual De Instrucciones página 748

Tabla de contenido
некои од копчињата се контролирани од самата
апликација. На пример, нумеричката селекција на
канали може да не работи со телетекст апликација
кадешто броевите покажуваат телетекст страни.
HbbTВ бара AV можност за стримување за
платформата. Има неколку аплик ации кои
обезбедуваат видео по барање и ТВ catch-up
услуги. Корисникот може да ги користи копчињата
пушти, стопирај, паузирај, напред и назад на
далечинскиот управувач за да комуницира со AV-
содржината.
Забелешка: Можете да ја активирате или да ја
деактивирате оваа одлика од менито Поставки за
приватност во менито Поставки>Систем.
Smart Center
Smart Center е мобилна апликација која работи на
IOS и Андроид платформи. Со вашиот таблет или
телефон, лесно можете да ги насочите вашите
омилени програми во живо од вашиот паметен
ТВ-уред. Исто така, можете да ги подигнете вашите
апликации, да го користите вашиот таблет како
далечински управувач за вашиот телевизор и да
споделувате медиа датотеки.
Забелешка: Дали ќе можете да ги користите сите
функции од оваа апликација зависи од вашиот ТВ.
Почеток
За да можете да користите одлики што работат со
помош на интернетот, вашиот модем/рутер мора
да се поврзе со интернетот.
ВАЖНО: Бидете сигурни дека ТВ и мобилен уред
се поврзани на иста мрежа.
За опцијата за споделување медиуми треба да биде
активирана опцијата Аудио-видео споделување
(ако е достапна). Притиснете го копчето Menu
на делечинскиот управувач, изберете го менито
Подесувања>Систем>Повеќе и притиснете OK.
Обележете Аудио-видео споделување и сменете
во активирано. Сега, вашиот ТВ е готов да се
поврзе со рачниот уред.
Инсталирајте ја соодветната апликација Smart
Center на вашиот мобилен уред.
Стартувајте ја апликацијата Smart Center. Ако сите
конфигурации се правилни, на вашиот рачен уред
ќе го видите името на вашиот ТВ. Ако името на
вашиот ТВ-уред не се појави на листата, почекајте
некое време и притиснете на елементот Освежи.
Изберете го вашиот ТВ-уред од листата.
Екран на мобилниот уред
На главниот екран можете да најдете табчиња за
да пристапите на различни функции.
Штом ќе започне, апликацијата го пронаоѓа
оригиналниот список на канали од ТВ-уредот.
МОИ КАНАЛИ: Ќе се прикажат програмите
на првите четири канали од списокот канали
пронајдени од ТВ-уредот. Можете да ги смените
каналите на списокот, Притиснете ја сликичката
на каналот и држете. Ќе се прикаже список канали
и ќе можете да го изберете каналот што сакате да
го замените.
TV Можете да ја гледате содржината преку
табулаторот ТВ. Во овој режим можете да
управувате преку листата на канали пронајдена
од ТВ-уредот и да притиснете на сликичките за да
ги прегледате страниците со детали.
СНИМКИ: Можете да ги прегледувате вашите
активни снимки (ако се достапни) и потсетници
преку овој табулатор. За да избришете која било
ставка, едноставно притиснете ја иконата Delete
икона која ја има на секој ред.
ЕПГ (Електронски програмски водич): Можете да го
прегледате распоредот на емитување од избраните
списоци на канали преку овој табулатор. Можете
да се движите преку каналите со притискање на
избраниот канал на EPG мрежата. Ве молиме,
имајте предвид дека ажурирањето/ освежувањето
на информациите EPG може да потрае во
зависност од квалитетот на мрежата или на веб-
услугата.
Забелешка: Потребна е интернет врска за информации
EPG од интернет.
Поставки: Конфигурирајте ја апликацијата според
вашите желби. Можете да промените;
Автоматско заклучување (Само во IOS ):
Екранот автоматски се исклучува после одреден
временски период. Ако зададените операции се
исклучени, тогаш екранот ќе остане вклучен.
Автоматско овозможување на FollowMeTВ:
Функцијата FollowMeTV ќе стартува автоматски
кога ќе се активира поставката. Зададената е
деактивирана.
Автоматско поврзување на ТВ: Ако е
активирана, вашиот мобилен уред ќе се приклучи
автоматски на последниот избран ТВ и ја
прескокнува потрагата.
Промена на ТВ (Само во IOS ): Го прикажува
моментално приклучениот ТВ. Можете да
притиснете на оваа поставка за да отидете на
"ТВ пребарување" екран и се менува во друг ТВ.
Уредување на канал листите: Можете да ја
уредите оваа листа преку оваа поставка.
Изберете го изворот на листата на канали:
Можете да го изберете изворот на листа на канали
што ќе се користи во апликацијата. Опциите се
ТВ листа и Извор листа. Дополнително може да
ја активирате Запомни го мојот избор за да го
наместите изборот на листата на канали како
постојан избор. Во овој случај, ако избраниот
извор е достапен, ќе се користи во апликацијата.
Македонски - 42 -
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido