Hitachi F43E4200 Manual De Instrucciones página 744

Tabla de contenido
првата иснсталација. За да ја активирате оваа
одлика, поставете ја опцијата Wake On од менито
Мрежа/Интернет поставки како вклучена. Треба
и уредот од кој се праќа мрежната порака до ТВ-
уредот и ТВ-уредот да се поврзани на иста мрежа.
Одликата Wake On може да се користи само за
уредите Android OS и може да се користи само
преку апликациите Youtube и Netflix.
За да се користи оваа одлика, ТВ-уредот и
далечинскиот уред треба да бидат поврзани
најмалку еднаш додека е вклучен ТВ-уредот.
Ако ТВ-уредот е вклучен, треба повторно да се
воспостави врската следниот пат кога ќе се вклучи.
Во друг случај, одликата не е достапна. Ова не важи
за кога ТВ-уредот е вклучен во режим на мирување.
Може да има разлика во работењето на некои уреди
на пазарот поради архитектурата на софтверот. За
да се користи и да работи подобро одликата Wake
On, Ве молиме проверете дали вашиот уред ја
има последната верзија на системскиот софтвер.
Ако сакате ТВ-уредот да троши помалку струја
во режим на мирување, може да ја деактивирате
оваа одлика ако опцијата Wake On ја поставите
на Исклучено.
Безжичен дисплеј
Безжичниот дисплеј е стандард за стримување
на видео и звучни содржини. Оваа одлика ви
овозможува да го користите телевизорот како уред
за безжичен приказ.
Користење со мобилни уреди
Има различни стандарди кои овозможуваат
споделување на екрани помеѓу вашиот мобилен
уред и телевизорот, вклучувајќи графичка, аудио
и видео содржина.
Најпрво вклучете го УСБ-хардверскиот клуч во
телевизорот доколку телевизорот нема вградена
опција WiFi.
Потоа п ритис нете на к о пч ето извор н а
далечинскиот управувач и префрлете се на
изворот Безжичен дисплеј.
Се појавува екран кој вели дека телевизорот е готов
за поврзување.
Отворете ја апликацијата за споделување на
вашиот мобилен уред. Овие апликации имаат
различни имиња за секоја марка, за подетални
информации видете ги упатствата на вашиот
мобилен уред.
Скенирајте за уреди. Откако ќе го изберете вашиот
ТВ и ќе се поврзете, екранот на вашиот уред ќе се
покаже на вашиот ТВ.
Забелешка: Оваа одлика може да се користи единствено
доколку вашиот мобилен уред ја поддржува неа. Ако
имате проблеми со врската, проверете дали верзијата
на оперативниот систем што го користите ја
поддржува оваа одлика. Може да има проблеми со
некомпатибилноста со верзиите на оперативниот
систем пуштени по производството на овој ТВ-уред.
Процесот на скенирање и поврзување е различен во
зависност од употребуваната програма.
Поврзување други безжични уреди
Вашиот ТВ-уред поддржува исто тка безжична
врска со кус опсег. Треба спарување пред да се
користат вакви безжични уреди со ТВ-уредот. За
да го спарите вашиот уред со ТВ-уредот, следете
ги овие чекори:
• *Поставете го уредот во режим за спарување
• *Почнете со откривање на уредот на ТВ-уредот
Забелешка: Видете го прирачникот за корисници на
безжичниот уред за да видите како се избира режимот
на нагодување на уредот.
Можете да поврзувате безжично аудио-уреди
или далечински управувачи на вашиот ТВ-уред.
Откачете или исклучете какви било други поврзани
аудио-уреди за да работи правилно одликата
за безжична врска. За аудио уреди треба да ја
користите опцијата Аудио врска во менито
Поставки>Звук, за далечински управувачи,
опцијата Паметен далечински уред во менито
Поставки>Систем >Поставки на уредот. Изберете
ја опцијата во менито и притиснете го копчето OK
за да го отворите соодветното мени. Со менито,
можете да откриете и да поврзете уреди што
користат иста безжична технологија и да почнете
да ги користите. Следете ги упатствата на екранот.
Започнете го откривањето на уредот. Ќе се прикаже
список на достапни безжични уреди. Изберете го
уредот што сакате да го поврзите и притиснете
го копчето OK за да се поврзите. Ако се појави
пораката „уредот е поврзан", поврзувањето е
успешно. Ако не успее поврзувањето, обидете се
повторно.
Пренос на слика и репродуцирање аудио во
реално време
Можете овој вид врска да го користите за
префрлање слики или за репродуцирање во
реално време на аудио од вашиот мобилен уред
до вашиот ТВ-уред.
Спарете го мобилниот уред и ТВ-уредот како што
опишано претходно. Почнете пребарување на
уред во вашиот рачен уред. Изберете го вашиот
ТВ-уред од листата уреди. Потврдете го барањето
за поврзување на вашиот ТВ-екран и направете го
истото на екранот на вашиот рачен уред. Ако не
дојде до спарување, нема да може да се префрли
сликата или да се репродуцира аудио во реално
време .
Сликите пратени по мобилен уред ќе се прикажат
на ТВ-уредот без барање за потврда, ако одговара
датотеката-слика. Моќете датотеката-слика да ја
зачувате на УСБ-меморија или да ја поставите како
Македонски - 38 -
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido