• Извадете ги сите клучеви за местење или винтови
пред да го вклучите алатот (оставените клуч или
винт на ротирачки дел од алатот може да доведе
до лична повреда)
• Пред употреба, темелно проверете ја областа за
сечење и остранете ги сите предмети што машината
може да ги отфрли при сечењето (како камења,
паднати гранки и сл.)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Користете го алатот само во вертикална позиција со
четката насочена кон тлото (никогаш не
вклучувајте го алатот во друга позиција)
• Работете со алатот само со одење (не трчајте)
• Не поминувајте патишта или плочници кога работи
машината
• Не дозволувајте нешто да ви го одвлече вниманиете
и секогаш концентрирајте се на работата
• Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација
чисти и без отпадоци
ПО УПОТРЕБА
• Четката продолжува да ротира уште извесно време
откако машината ќе се исклучи (не допирајте ја
четката додека се врти)
• Секогаш исклучувајте го приклучокот од штекер
- кога косилката ја оставате без надзор
- пред чистење заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на косилката
- ако удрите во стран предмет
- секогаш кога косилката ќе вибрира невообичаено
• Исклучете го моторот пред да го спуштите алатот и
проверете дали сите подвижни делови се комплетно
застанати
• Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
затворено место и подалеку од дофат на деца
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Предупредување! Прочитајте го упатството за работа
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
6 Носете заштитни очила и заштита за ушите
7 Држете го кабелот (и продолжниот) подалеку од
ротирачката четка
8 Обрнете внимание на ризикот од повреда што
може да го предизвика отфрлениот остаток од
косењето (присутните лица да стојат на безбедно
растојание од местото на работа)
9Секогаш чувајте ги рацете и нозете подалеку од
ротирачките делови
0 Исклучете ја косилката и извадете го приклучокот
од штекер пред чистење/одржување или ако кабелот
(продолжниот) е оштетен или заплеткан
УПОТРЕБА
• Упатство за спојување
! секогаш извадете го приклучокот пред да ја
ставате/вадите четката
- лизнете ја заштитата A преку куќиштето на
моторот како што е прикажано на сликата за да
кликне на своето место !
- поставете го тркалото B на куќиштето на моторот
како што е прикажано на сликата за да кликне на
своето место @
! како безбедносна мерка, монтирајте го
шрафот C како што е илустрирано на @
- притиснете го копчето за заклучување на
осовината D и држете го додека ја разлабавувате
стегата E со клуч F #
- поставете ја четката G така што центарот ќе се
порамни со индикаторот за четката H
! носете заштитни ракавици кога ги менувате
додатоците (контакт со додаток може да
доведе до повреда)
- затегајте ја стегата E со клуч F додека го
притискате копчето за заклучување на осовината
D
! заменете ја четката кога ќе се изаби
(дополнителна опрема на SKIL, број
2610Z02973)
• Прилагодување на висината $
- разлабавете ја главата J вртејќи ја во правецот на
стрелките на часовникот
! кога го користите алатот за првпат, свртете ја
рачката за L 90° по разлабавување на главата
за заклучување J
- издолжете ја цевката K до саканата висина
- затегнете ја главата J вртејќи ја обратно од
правецот на стрелките на часовникот
! не применувајте сила врз алатот кога ја
продолжувате/скратувате цевката на саканата
должина
• Водилка за кабелот %
- закачете ја куката на продолжниот кабел над
водилката M како што е прикажано
- повлечете цврсто за да го обезбедите
продолжниот кабел
• Вклучено/Исклучено ^
- вклучете ја машината прво со притискање на
безбедносниот прекинувач N (кое не може да се
блокира) и потоа повлечете го прекинувачот за
активирање P
- исклучете ја машината со пуштање на
прекинувачот за активирање P
! по исклучување на алатот, четката
продолжува да ротира уште неколку секунди
- оставете четката да престане да се врти пред
повторно вклучување
! не исклучувајте и вклучувајте премногу бргу
• Пред користење на електричниот алат
- обезбедете четката G # да биде правилно
поставена и стегата E # да биде цврсто
затегната
- пробно вклучете го алатот најмалку 60 секунди на
најголема брзина во празен од и во сигурна
положба
- веднаш престанете со работата доколку дојде до
поголеми вибрирања или други неправилности во
работата и прегледајте го алатот, за да ја
одредите причината
• Отстранување коров
! проверете дали областа за косење е без
камења, отпадоци и други страни предмети
- обезбедете долната страна на алатот да биде во
рамна позиција
- започнете да работите само кога работи моторот
84