Skil 0700 Manual Original página 83

Ocultar thumbs Ver también para 0700:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ 1
ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ 2
A Штитник при сечење
B Тркало
C Шраф за затегање
D Копче за заклучување на вретеното
E Навртка за обрачот
F Клуч
G Четка
H Индикатор за четката
J Глава за стегање
K Телескопска цевка
L Дршка
M Водилка за кабелот
N Сигурносен прекинувач
P Прекинувач за активирање
Q Отвори за вентилација
R Шина за складирање (шрафовите не се
доставуваат)
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ
• Запознајте се со контролите и со правилната
употреба на косилката
• Корисникот е одговорен за несреќните случаи или
штетите што ќе се предизвикаат кај други лица или
на нивниот имот
• Користете ја машината само ако температурата на
воздухот е меѓу 0°C и 40°C
• Не користете го овој алат за отстранување мокар
коров
ЛИЧНА ЗАШТИТА
• Овој алат може да го користат деца над 8
години како и лица со намалени физички,
сензорни и ментални способности или
недоволно искуство и знаење, доколку се
под надзор од лица одговорни за нивната
безбедност или се подучени за безбедно
ракување со алатот и ги разбираат
опасностите кои може да произлезат
поради тоа (инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди)
• Не ги оставајте децата без надзор (така
ќе се осигурате дека децата нема да си
играат со алатот)
• Не ги оставајте децата без надзор за
време на чистењето или одржувањето
на алатот
• Секогаш носете заштита за очите, долги пантолони и
цврсти чевли кога работите со машината
• Носете заштитни ракавици кога ги менувате
додатоците (контакт со додаток може да доведе до
повреда)
• Никогаш не работете со машината ако е оштетен
штитникот при косење или без поставен штитник
• Никогаш не работете со машината во непосредна
близина на луѓе; престанете да работите со неа ако
во близина има други лица (особено деца) или
галеничиња
• Никогаш не работете со алатот ако сте уморни,
болни или под влијание на лекови, алкохол или
медикаменти
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Проверувајте го кабелот од време на време и повикајте
квалификувано лице да го смени ако е оштетен
• Проверувајте го продолжниот кабел од време на
време и сменете го ако е оштетен (несоодветните
продолжни кабли се опасни)
• Користете само продолжен кабел којшто е наменет
за работа на отворено и е опремен со водоотпорен
приклучок и штекер во форма на запалка
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Користете уред за преостанат напон (RCD) со
максимален напон за активирање од 30 mA кога ја
користите косилката
• Не преминувајте преку кабелот (продолжниот) не
превиткувајте или не влечете го
• Заштитете го (продолжниот) кабел од топлина,
масло и остри рабови
• Држете го кабелот (и продолжниот) подалеку од
ротирачката четка
• Секогаш исклучете ја машината и исклучете го
приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување
со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени,
оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот
пред да го исклучите приклучокот)
ЧЕТКИ
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Ставајте само четки чијашто максимална брзина
(„RPM") е поголема од ротацијата во минута што е
означена на алатот
• Користете само четки со максимален дијаметар од
100 мм
• Не користете изабени четки
• Дамки од р'ѓа или други знаци за хемиски или
механички промени на материјалот што ги држат
нишките на четката може да предизвикаат
предвремено расипување на четката
• Чувајте ги четките на соодветно место така што ќе
бидат заштитени од следните влијанија:
- голема атмосферска влага, жештина, вода или
други течности што може да ја оштетат четката
- киселини или киселински испарувања што може
да ја оштетат четката
- ниски температури во средината што ќе
предизвикаат кондензација на четката кога ќе се
остави на место со повисока температура
- деформација на кој било дел на четката
ПРЕД УПОТРЕБА
• Користете ја машината само на дневно светло или со
соодветно вештачко осветлување
• Проверувајте ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на удар, повикајте
квалификувано лице да ја поправи (никогаш не
отворајте ја машината сами)
83
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido