– Вметнете ги завртките за прицврстување (32) во
навојните отвори и затегнете ги со испорачаниот клуч
со внатрешна шестаголна глава (24).
– Свртете го електричниот алат, така што повторно ќе
стои во правилна позиција за работа.
Никогаш не го отстранувајте држачот за заштита од
u
превртување. Без заштитата од превртување,
електричниот алат нема да биде стабилен и може да се
преврти при сечење на максимални агли на
закосување.
Монтажа на работна површина (види слика B)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (8).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено всисување (види слика C)
– Ставете ја ќесата за прав (19) на исфрлувачот на
струготини (22).
За време на сечењето, ќесата за прав никогаш не треба
да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја ќесата за прав.
Надворешно всисување
За всисување, на исфрлувачот на струготини (22) може
да приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).
Bosch Power Tools
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Промена на алат (види слики D1–D4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија
u
максимално дозволена брзина е повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен
алат.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови на пила, што се
u
препорачани од производителот на овој
електричен алат и се погодни за материјалот што
сакате да го обработувате.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(33) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава (24) и истовремено притиснете ја блокадата за
вретеното (28), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (28) и
одвртете ја завртката (33) во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (34).
– Притиснете на рачката (3) и навалете го
осцилаторниот заштитен капак (5) наназад до крај.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (18).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете на рачката (3), навалете го осцилаторниот
заштитен капак (5) наназад до крај и држете го во оваа
позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (35).
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Македонски | 207
1 609 92A 4DU | (01.08.2018)