MK
■
Поставувајте го уредот за
полнење секогаш на добро
проветрена и незапалива
површина бидејќи се
затоплува за време на
полнење. Одржувајте ги
отворите за вентилација
слободни и не го покривајте
уредот.
■
Информирајте се пред
приклучување на уредот за
полнење дали е достапен
мрежниот напон наведен во
техничките податоци.
■
Користете го струјниот
кабел исклучиво за
приклучување на уредот за
полнење. Да не го носите
уредот за полнење држејќи
го за струјниот кабел и да
не ја повлекувате
приклучницата преку
повлекување на струјниот
кабел од штекерот.
■
Заштитете го струјниот
кабел од топлина, масло и
остри рабови за да не се
оштети.
■
Да не ги користите нечисти
или влажни уредот за
полнење и акумулаторската
батерија. Пред употреба
исчистете ги и исушете ги
уредот и акумулаторската
батерија.
256
■
Полната и некористена
акумулаторска батерија да
се чува подалеку од
метални предмети за да не
дојде до кратко спојување
на контактите (на пр.
спајалици, монети, клучеви,
шајки, шрафови). При
краток спој може да
настанат изгореници или
пожар.
■
Полнете само оригинални
акумулаторски батерии од
AL-KO со уредот за
полнење.
■
Да не ги отворате уредот за
полнење и акумулаторската
батерија. Постои опасност
од струен удар и краток
спој.
■
За ваша безбедност
поправките треба да ги
врши само квалификувано
стручно лице и со
оригинални резервни
делови.
Безбедносни напомени
C130 Li