AL-KO BC 410 II Manual Del Usuario página 216

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 38
Монтажа
Преглед на делови
(Слика 1)
1
Нож за сечење
2
Глава на конец
3
Заштитен капак
4
"Bike" рачка за точак
5a/5b
Рачка за гас
6
Прекинувач за „вкл" и „искл" на мотор
7a/7b
„Аретирање" рачка за гас
8
Носечки ремен
9
Капак на филтерот за воздух
10
Резервоар за бензин
11
Рачка „Choke" - "Run"
12
Пример (мембранска пумпа за ладно
стартување)
Внимание!
Апаратот смее да работи само по комплетна монтажа.
Монтирање на рачката
Д-рачка (BC 410 II) (Слика 3)
1. Ставете ја гумената манжетна (2) над вретеното.
2. Горната половина на рачката (3) и долната поло-
вина на рачката (1) завртете ги една со друга (4).
„Bike" рачка за тркало (BC 4125 II) (Слика 2a, b)
3. Ставете ја гумената манжетна (3) над дршката.
4. Со помош на четирите завртки со шест крака (1)
прицврстете ги долната стега (2) и средниот дел (4).
5. Ставете ја шипката за држење (5) во дршката
од рачката и прицврстете со горната стега (6)
и четирите завртки со шест крака (7).
Монтирајте го заштитниот капак
1. Ставете ги металните ливчиња (1) под заштитниот
капак (2).
2. Со 4 навртки (1) фиксирајте на вретеното (3).
Ножот што е интегриран во заштитниот капак авто-
матски го сече конецот за сечење на оптималната
должина.
216
Монтирање на главата на конецот
1. Отстранете ги сплинтот (Слика 4-8) и фланшата
(Слика 4-5).
2. Ставете го шесторабниот клуч (Слика 6-1) во
дупката од шајбната (Слика 6-2) и навртете
ја главата на конецот на водечката игла од
погонското вратило. (Внимание: лев винт!)
3. Аретирајте ја шајбната (слика 6-2) со
шесторабниот клуч, за да ја привлечете главата
на конецот.
Монтирање на ножот за сечење
1. Демонтирајте ја половината, помалата заштита од
сечење на заштитниот капак (Слика 5 ).
2. Отстранете ги сплинтот (Слика 4-8) и фланшата
(Слика 4-5).
3. Поставете го ножот за сечење на шајбната така
што дупката на ножот за сечење да се наоѓа точно
на водечкиот круг на шајбната.
4. Ставете ја фланшата (Слика 4-5) на ножот за
сечење така, што рамната страна ќе покажува кон
ножот за сечење.
5. Стегнете ја навртката за прицврстување на
водечката игла. Потоа ставете го шесторабниот
клуч (Слика 4-3) во дупката предвидена за таа цел
и стегнете со клучот. (Внимание: Лев винт!)
6. Осигурете ја навртката со сплинтот.
Нагодување на ременот за рамо
1. Провлечете го ременот за рамо над левото рамо.
2. Закачете ја куката за закачување во јамката.
3. Проверете ја должината на ременот за носење
на рамото со неколку клатења, без притоа да го
вклучите моторот.
Главата на конецот за сечење или ножот за
сечење мора да се наоѓаат во паралелна положба
со површината.
(Слика 5)
Секогаш употребувајте го ременот за носење на
рамо додека работите.
Закачете го ременот за носење на рамо дури откако
моторот е стартуван и машината работи во празен од.
Превод на оригиналното упатство за употреба
Внимание!
(Сли. 4, 6)
(Сли. 4, 5)
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Bc 4125 ii

Tabla de contenido