•
Вакцините, лековите што се осетливи
на топлина, истражувачките материјали
и слично не смее да се чуваат во
ладилникот бидејќи бараат прецизна
температура.
•
Ладилникот треба да се исклучи од
струја ако не се користи долго време.
Можен проблем со кабелот може да
предизвика пожар.
•
Клемите на приклучокот треба да се
чистат редовно. Во спротивно, може да
предизвикаат пожар.
•
Ладилникот може да се мрда ако
прилагодливите ногарки не се правилно
поставени на подот. Ладилникот нема
да се мрда со правилно обезбедување
на прилагодливите ногарки на подот.
•
Не држете го ладилникот за рачката
на вратата кога го транспортирате. Во
спротивно, може да се скрши.
•
Кога треба да го поставите производот
до друг ладилник или замрзнувач,
растојанието меѓу нив треба да биде
најмалку 8 цм. Во спротивно, соседните
ѕидови може да фатат влага.
Кај производи со диспензер
за вода
Притисокот на доводот на водата мора
да биде минимум 1 бар. Притисокот
на доводот на водата мора да биде
максимум 8 бари.
•
Користете само вода за пиење.
Безбедност за деца
•
Ако вратата има брава, клучот треба да
се чува далеку од дофатот на децата.
•
Децата мора да се надгледуваат
за да се спречи тие да си играат со
ладилникот.
HCA-Предупредување
Ако системот за разладување на
производот содржи R600a:
Овој гас е запалив. Затоа, треба са се
обрне внимание да не се оштетуваат
системот за ладење и цевководите
при употреба и транспорт. Во случај
на оштетување, чувајте го производот
настрана од можни извори на оган што
може да предизвикаат негово палење и
вентилирајте ја просторијата каде што е
сместен.
Игнорирајте го ова предупредување
ако системот за ладење на
производот содржи R134a.
Типот на гас што се користи во
производот е посочен на плочката на
левиот ѕид во ладилникот.
Никогаш не фрлајте го производот во
оган.
6
МК