Автоматика За Нивелирање; Совети При Работењето - Bosch Professional GLL 2-20 Manual De Instrucciones

Nivel láser lineal
Ocultar thumbs Ver también para Professional GLL 2-20:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 16
OBJ_BUCH-2630-003.book Page 42 Monday, June 20, 2016 11:59 AM
42 | Македонски
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
(види слики F–G)
При работење со автоматика за нивелирање, приказот за
работење без автоматика за нивелирање 2 не смее да
свети. Доколку е потребно, повторно вклучете ја
автоматиката за нивелирање со притискање на копчето
„Lock" 6, така што приказот 2 ќе се изгаси.
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога и прицврстете го на држачот 16 или стативот 23.
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±4°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку автоматското нивелирање не е возможно, напр.
бидејќи површината на која е поставен мерниот уред
отстапува повеќе од 4° од хоризонталата, предупреду-
вањето за нивелирање 3 свети црвено и ласерот авто-
матски се исклучува. Во ваков случај, поставете го
мерниот уред хоризонтално и почекајте го самони-
велирањето. Откако мерниот уред повторно ќе се најде во
полето на самонивелирање од ±4° , предупредувањето за
нивелирање се гаси 3 и ласерот се вклучува.
Надвор од полето на самонивелирање од ±4 °,
работењето со автоматиката за самонивелирање не е
возможно, бидејќи не може да се гарантира дека
ласерските линии ќе бидат поставени една кон друга во
прав агол.
При вибрации или промена на положбата за време на ра-
ботата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски.
По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на
хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во
однос на референтните точки за да се избегнат грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
(види слика E)
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете
го копчето „Lock" 6. Доколку автоматиката за нивелирање
е исклучена, приказот 2 свети црвено.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Во режимот со вкрстени линии, двете
ласерски линии повеќе не поминуваат принудно
вертикално една кон друга.
Совети при работењето
 За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со статив
Стативот 23 овозможува стабилна мерна подлога што
може да се подесува по висина. Поставете го мерниот
уред со прифатот за статив 12 на 1/4"-навој на стативот 23
или обичен фото статив и зашрафете го цврсто со шрафот
за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
1 609 92A 2ZX | (20.6.16)
Прицврстете со универзален држач (опрема)
(види слики H–O)
 Не го принесувајте држачот 16 во близина на
пејсмејкери. Магнетот 20 создава поле, кое може да ја
наруши функцијата на пејсмејкерите.
 Држачот 16 држете го подалеку од магнетски
носачи на податоци и уреди осетливи на магнет.
Поради влијанието на магнетот 20 може да дојде до
неповратно губење на податоците,.
Со помош на универзален држач 16 може да го
прицврстите мерниот уред напр. на вертикални
површини, цевки или магнетизирани материјали.
Универзалниот држач и исто така погоден и како поден
статив и го олеснува подесувањето по висина на
мерниот уред.
За да го прицврстите мерниот уред на држач 16 свртете го
шрафот за фиксирање 13 на држачот во 1/4"-прифатот за
статив 12 на мерниот уред. За вртење на мерниот уред на
држачот, олабавете го малку шрафот 13.
Грубо центрирајте го универзалниот држач 16, пред да го
вклучите мерниот уред.
Со помош на универзалниот држач 16, може да се постави
мерниот уред на следниот начин:
– Универзалниот држач 16 може да се прицврсти врз
магнетот на челичните делови 20.
– Универзалниот држач 16 може да се прицврсти со
завртки на суви ѕидови или дрво. Притоа се вметнуваат
завртки со должина од најмалку 50 mm во отворите за
завртки 18 на држачот (види слика L).
– Користете го универзалниот држач 16 како статив за
маса, со тоа што ќе го поставите држачот на подот и ќе
ги отворите ногарките за стабилизирање 19 од држачот
(види слика M).
– Држачот 16исто така може да се прицврсти на шини за
таванска решетка или ѕидни шини со помош на
механизмот за фиксирање 14 (види слика O).
Со вртливото копче 15 може да се води мерниот уред
нагоре или надолу за фино подесување.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој
начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за
окото.
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат
од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не
даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido