Брусење со брусен лист:
2
2
a
= 2,7 m/s
, K = 1,5 m/s
.
h
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Монтирање на заштитен уред
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење".
Заштитен капак за брусење со затезен лост
Отворете го затезниот лост (9). Ставете ја заштитната
хауба (6) со кодираниот заб (8) во кодираниот жлеб на
вратот на вретеното сѐ додека сврзокот на заштитната
хауба не лежи на прирабницата на електричниот алат и
завртете ја заштитната хауба (6) во саканата позиција.
Затворете го затезниот лост (9).
Поставете ја заштитната хауба (6) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Може да ја промените затезната сила на затворачот на
заштитната хауба (6) со олабавување или затегање на
завртката за подесување (10). Внимавајте на цврстото
лежиште на заштитната хауба (6) и редовно
контролирајте го.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (6)
гарантираат дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Bosch Power Tools
Заштитен капак за брусење со завртка за фиксирање
Поставете ја заштитната хауба (7) на грлото на вретеното.
Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба (7)
според потребите на работниот процес и фиксирајте ја
заштитната хауба (7) со завртката за фиксирање (11).
Поставете ја заштитната хауба (7) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Заштитна хауба за сечење
При сечењето со композитни брусни средства
u
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(16).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (16) се монтира како
заштитен капак за брусење со завртка за фиксирање (7)
или заштитен капак за брусење со затезен лост (6).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (25) се
монтира како заштитна хауба за брусење (7).
Дополнителна рачка
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (5).
Навртете ја дополнителната рачка(5) од десно или од
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за
вибрации ги намалува
вибрациите кои настануваат
во текот на работењето.
Не го употребувајте електричниот апарат, доколку
u
е оштетен елементот за придушување.
Заштита за дланките
За работење со гумен диск за брусење (20)или со
u
лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна
плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете
(19).
Зацврстете ја заштитата за рацете (19) со
дополнителната рачка (5).
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Напомена: Проверете дали испорачаната стезна
прирабница (27) е правилно монтирана според
сликата C.
Македонски | 227
1 609 92A 6EP | (10.05.2022)