Bosch GCL Professional 2-50 CG Manual Original página 252

Ocultar thumbs Ver también para GCL Professional 2-50 CG:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
252 | Македонски
Вклучете го Bluetooth®
За вклучување на Bluetooth® за далечинско управување,
притиснете го Bluetooth®-копчето (10). Проверете дали
Bluetooth®-интерфејсот е активиран на вашиот мобилен
уред.
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска
помеѓу мобилниот и мерниот уред. Доколку се
пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го
соодветниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден
активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Поврзувањето се воспоставува, кога Bluetooth®-приказот
(9) свети.
Bluetooth®-поврзувањето може да се прекине поради
големото растојание или пречки помеѓу мерниот и
мобилниот уред, како и поради електромагнетски извори
на пречки. Во овој случај трепка Bluetooth®-приказот (9).
Исклучување на Bluetooth®
За Bluetooth® за далечинското управување, притиснете
на Bluetooth®-копчето (10) или исклучете го мерниот
уред.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив
за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината
што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате
го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а
потоа точноста на нивелирањето на вертикалната
ласерска линија и точноста на лемењето.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред. Изберете го режимот на
вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.
1 609 92A 8M1 | (19.04.2023)
A
5 m
– Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете
го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја
средината на точката, каде ласерските линии се
вкрстуваат на ѕидот (точка Ⅰ).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
A
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
точката на вкрстување на ласерските линии точно ќе ја
погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.
B
B
B
Bosch Power Tools
loading

Este manual también es adecuado para:

Gcl professional 2-50 c3 601 k66 g3 601 k66 h