Bosch 0 601 B19 000 Manual Original página 243

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие
упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува
на основната примена на електричниот алат. Доколку
електричниот алат се користи за други примени, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
u
електричниот алат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимавајте на приказот на обемот на
испорачаните материјали на почетокот од
упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за оплата со монтирано сечило на пилата
– Столарска стега (7)
– Продолжеток за маса за сечење (3) со сет за
прицврстување (2x завртки за затворање (2), 2x
завртки со крстест жлеб како осигурувач на
извлекување)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава/крстест
одвртувач (35)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Bosch Power Tools
Монтирање на продолжетоци за масата за
сечење (види слика A)
Масата за сечење може да се зголеми на левата и десната
страна со помош на продолжетоците (3).
– Вметнете ги продолжетоците за масата за сечење (3)
до крај низ предвидените отвори на масата за сечење.
– Навалете го електричниот алат, така што испорачаните
две завртки со крстест жлеб ќе може да се монтираат
како осигурувач на извлекување.
Навртете ги завртките со крстест жлеб во
предвидениот навој на продолжетоците за масата за
сечење (3) и затегнете ги со крстест одвртувач (35).
– Навалете го електричниот алат наназад и навртете ги
завртките за затворање (2) за фиксирање на
продолжетоците за масата за сечење (3) во
предвидениот навој на масата за сечење (22).
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика B1)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (1).
Монтажа на работна маса на Bosch
GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на
електричниот алат на секоја подлога со помош на
ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за
делот што се обработува на работната маса служат како
потпора на подолгите делови за обработка.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
u
упатства што се приложени на работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од
расклопување.
– Монтирајте го електричниот алат во транспортна
положба на работната маса.
Флексибилна инсталација (не се препорачува!) (види
слика B2)
Доколку, во исклучителни случаи, не е возможно да го
монтирате електричниот алат на рамна и стабилна
работна подлога, може привремено да го поставите со
заштита од превртување.
Без заштитата од превртување, електричниот алат
u
нема да биде стабилен и може да се преврти при
сечење на максимални хоризонтални и/или
вертикални агли на закосување.
Македонски | 243
1 609 92A 7NC | (26.04.2022)
loading