• Ако кабелот за струја или која било друга работна компонента на
апаратот се оштетат, веднаш треба да ги замени овластен
техничар на Bosch.
• Не користете го апаратот ако утикачот, кабелот за струја или
апаратот се оштетени.
• Работата, чистењето и одржувањето на апаратот мора да се
извршуваат од возрасни лица.
• Не блокирајте ги влезот и излезот за воздух, на пример, со
поставување предмети на излезот на воздухот или пред влезот на
воздухот.
• Погрижете се страни предмети да не паѓаат во апаратот низ
излезот за воздух.
• Не загревајте ги филтерот или апаратот за да избегнете
оштетување на апаратот или опасност од пожар.
Внимателно
• Апаратов не е замена за соодветна вентилација или редовно
чистење со правосмукалка и не треба да се користи како
аспиратор или вентилатор при готвењето.
• Секогаш поставувајте и користете го уредот на сува, стабилна,
нивелирана и хоризонтална површина.
• Оставете барем 20 cm слободен простор околу апаратот и
оставете барем 30 cm слободен простор над апаратот.
• Не седнувајте и не застанувајте на апаратот. Не ставајте ништо
врз апаратот.
• Кога го фрлате филтерот, запечатете го во ќеса за отпад и следете
ги советите на локалните здравствени органи за ракување со
потенцијално инфицирани површини.
• Користете само оригинални филтри од Bosch, специјално
наменети за апаратов. Не користете други филтри.
• Не користете го филтерот како гориво или за слични намени.
Палењето на филтерот може да предизвика неповратни
опасности по луѓето и/или да ги загрози другите живи
суштетства..
• Избегнувајте да го удирате апаратот (особено влезот и излезот на
воздухот) со тврди предмети.
• Не вметнувајте ги прстите или други предмети во излезот или
влезот на воздухот, за да спречите физичка повреда или дефекти
на апаратот.
• Ако апаратот е блокиран, веднаш треба да го провери овластен
техничар на Bosch.
• Не користете го апаратот кога пушите внатре, кога сте користеле
инсектициди, средство за дезинфекција или на места каде што
има остатоци од масло, каде што се кади или има хемиски
испарувања.
• Не користете го апаратот во близина на апарати на гас, уреди за
греење или огништа.
• Водете сметка апаратот да биде исклучен од струја кога сакате да
го преместите, да го исчистите, да го замените филтерот или да
извршите друго одржување.
• Надгледувајте ги децата за да се погрижите да не играат со
апаратот.
• Апаратов не е наменет да се користи од лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности (вклучително деца)
или лица коишто немаат искуство и познавања, освен ако се под
надзор или добиваат упатства во врска со употребата на апаратот
од лице одговорно за нивната безбедност.
• Апаратов може да се користи од страна на деца на возраст од 8
години и повеќе и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица коишто немаат искуство и
познавања, ако се под надзор или добиваат упатства во врска со
употребата на апаратот на безбеден начин и ги разбираат
вклучените опасности.
• Децата не треба да си играат со апаратот. Чистењето и
одржувањето не смее да се врши од страна на деца без надзор.
Air 4000 – 6721848798 (2023/07)
• Апаратов е наменет за користење во станбени простори под
нормални работни услови.
• Не користете го апаратот во мокри средини или во средини со
голема влажност или високи температури.
• Апаратот не отстранува јаглерод моноксид (CO) или радон (Rn).
Не смее да се користи за расчистување опасни хемикалии, ниту
пак запаливи средства.
• Препорачаната температура за користење на уредот е од 5 °C до
45 °C, при ниво на релативна влажност од ≤85 %. Уредот може да
прекине со работа ако се оштети или ако не се следат упатствата
за препорачана температура или нивоа на влажност.
• Опсегот на препорачана температура за складирање уреди е од -
20 °C до 55 °C. Уредот ќе се оштети ако се чува во области кои го
надминуваат овој опсег на температурата.
• Нивото на звучен притисок е под 70 dB(A).
2
Податоци за производот
2.1
Изјава за сообразност
Овој производ соодветствува на европските и националните
законски побарувања во поглед на конструкцијата и работата.
Со CE-ознаката се упатува на тоа дека производот е
сообразен во однос на сите применливи регулативи на ЕУ
со кои се предвидува примената на ознаката.
Целосниот текст од изјавата за сообразност можете да ја пронајдете
на интернет: www.bosch-homecomfort.rs.
2.2
Содржина на достава
[Слика 1 Содржина на достава Air 4000]
[1]
Прочистувач на воздух
[2]
Техничка документација
[3]
Трансформатор
2.3
Преглед на производот
[Слика 2 Преглед на производот Air 4000]
[1]
Куќиште
[2]
Филтер
[3]
Долен капак
2.4
Преглед на контроли
[Слика 3 Преглед на контроли]
[1]
Дигитален приказ
[2]
Рачен режим
[3]
Тајмер
[4]
Копче за напојување
[5]
Заклучување на копчињата за деца
[6]
Светлосен прстен
[7]
Статус на филтер
[8]
Тивок режим
[9]
Автоматски режим
2.5
Преглед на кориснички интерфејс
[Слика 4 Преглед на кориснички интерфејс - Air 4000]
[1]
Статус на филтер
[2]
Тајмер
[3]
Wi-fi
[4]
Потребно е чистење
[5]
Заклучување на копчињата за деца
[6]
Вредност на PM 2,5
[7]
Ниво за брзина на вентилатор
[8]
Автоматски режим
[9]
Тивок режим
[10] Рачен режим
Податоци за производот
69