Bosch GGS Professional 28 LP Manual Original página 149

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
OBJ_BUCH-1269-006.book Page 149 Thursday, August 4, 2016 1:32 PM
Со затегнувањето на малите делови за обработка,
рацете ќе ви бидат слободни за подобра контрола на
електричниот уред. При сечење на заоблени делови за
обработка, како на пр. дрвени типли, прачки или цевки,
тие имаат тенденција да се оттркалаат, при што може да
се заглават во алатот што се вметнува и да се исфрлат
кон вас.
 Држете го приклучниот кабел подалеку од алатите
што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над
уредот, приклучниот кабел може да се пресече или да
се зафати и да Ви ја заглави дланката или раката во
алатот што се вметнува.
 Не го оставајте можниот алат долу додека
дополнителната опрема не запре целосно.
Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да
го повлече електричниот алат надвор од ваша
контрола.
 По менувањето на алатите за вметнување или
поставките на уредот, затегнете ги навртките на
затезната чаура, затезната глава и останатите
елементи за прицврстување. Олабавените елементи
за прицврстување може неочекувано да се поместат и
да доведат до губење на контролата; неприцврстените
ротирачки компоненти ќе се исфрлат со голема сила.
 Електричниот апарат не смее да биде во погон
додека го носите. Вашата облека може да се зафати од
ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт,
и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело.
 Редовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрична несреќа.
 Не го користете електричниот апарат во близина на
запаливи материјали. Искрите што се создаваат може
да ги запалат овие материјали.
 Не користете алати за вметнување, за кои е
потребно течно средство за разладување.
Користењето на вода и други течни средства за
разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
 Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или
закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или
друга дополнителна опрема. Приклештувањето или
закачувањето предизвикува брзо маневрирање на
ротационата дополнителна опрема, кое од друга
страна, предизвикува присилно насочување на
неконтролираниот електричен алат во спротивен
правец од ротирањето на опремата.
На пример, ако абразивен диск е закачен или
приклештен од делот што го обработувате, острицата на
дискот која влегува во приклештената точка може да се
зарие во површината на материјалот и дискот да се
помести или ослободи. Дискот може да скокне или
одбие од операторот, во зависност од насоката на
движење на дискот во точката на приклештување.
Bosch Power Tools
Абразивните дискови, исто така, може да се искршат
под овие услови.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветни оперативни постапки или услови и може
да се избегне со преземање на соодветните
превентивни мерки приложени подолу.
 Држете го цврсто електричниот апарат со двете
дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе
може да ја издржите повратната сила. Со
преземањето на потребните мерки корисникот може да
ја совлада силата од повратен удар.
 Особено внимателно работете во подрачјето со
агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите
алатот што се вметнува да се одбие од делот што се
обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се
вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од
аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење
на контролата или повратен удар.
 Не користете назабени листови за пила. Таквите
алати за вметнување честопати предизвикуваат
повратен удар или губење на контролата над
електричниот апарат.
 Алатот за вметнување водете го секогаш по истиот
правец во материјалот, при што работ на сечење
минува низ материјалот (истиот правец во кој се
исфрлаат струготините). Доколку го водите
електричниот апарат во погрешен правец, може да се
случи алатот за вметнување да излезе од делот што се
обработува, при што електричниот апарат ќе се
повлече во овој правец на поместување.
 Секогаш затегнувајте го делот што се обработува
доколку користите ротирачки турпии, алати за
глодање со голема брзина или алати за глодање од
цврст метал. При мали заоблувања на рабови, овие
алати за вметнување може да се заглават во жлебот и да
предизвикаат повратен удар. При заглавување на
ротирачките турпии, алатите за глодање со висока
брзина или алатите за глодање од цврст метал, алатот за
вметнување може да отскокне од жлебот и да доведе до
губење на контролата над електричниот уред.
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење
 Користете исклучиво брусни тела одобрени за
вашиот електричен апарат и само за препорачаните
можности за примена. Пример: Не брусете со
страничната површина на брусната плоча за
сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за
сечење материјал со работ на плочата. Со странична
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се
скршат.
 За конусните и плоснати брусни клинови со навој
користете само неоштетени чивии со правилна
големина и должина, без рез на задната страна.
Употребата на соодветни чивии ја намалува можноста
за кршење.
Македонски | 149
1 609 92A 2JZ | (4.8.16)
loading