Dolmar EV-3213 Manual De Instrucciones página 317

Ocultar thumbs Ver también para EV-3213:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 69
Менување на висината
Турнете го лостот за приспособување на висината (9)
кон страната на осовината на тркалото и поместете го
нагоре или надолу.
Заштита од преоптоварување
Оваа машина е опремена со заштита од
преоптоварување и работи според следните услови:
• Алатот за сечење се затнува бидејќи исечените
материјали се таложат околу него.
• Машината се обидува да исече повеќе отколку што
моторот поддржува.
• Нешто го попречува вртењето на алатот за сечење.
Кога оваа заштита ќе проработи, машината
автоматски се исклучува.
Ако ова се случи, исклучете ја машината од струја,
почекајте да се излади и отстранете ја причината за
преоптоварувањето пред повторно да ја вклучите.
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Совети за работа:
• Исечете ја тревата пред да почнете со работа и
наѓубрете ја по работата.
• Приспособете ја длабочината на алатот за сечење
според висината на тревата и временските услови.
• Избегнувајте да работите на водена трева. Таа има
тенденција да се лепи на отворот за празнење и на
другите делови на машината. Исто така, може да се
лизнете и да паднете.
• Не движете се многу брзо. Туркајте ја машината
бавно. Во спротивно, отворот за празнење може да
се затне и моторот да се преоптовари.
• Работете во права линија колку што е тоа возможно.
• Правете скарифицирани линии кои по малку се
преклопуваат една со друга. Со тоа ќе се постигне
рамна и мазна површина.
• Кога во работната област има леи за цвеќиња,
направете круг или два околу леата.
• Бидете особено внимателни кога ја вртите
машината.
• Не останувајте во една позиција. Со тоа ја
уништувате тревата.
Совети за скарификација:
• Секогаш земајте ги предвид временските услови.
Топлото, сончево и влажно време е добро за
скарификација бидејќи зелената површина може
да се обнови на здрав начин. Од друга страна,
треба да избегнувате скарификација кога е
студено, жешко или суво.
• Зелената површината се скарифицира во пролет.
• Доколку летото е влажно, треба да извршите
скарификација во рана есен.
• Во периоди кога е екстремно жешко, не треба
воопшто да вршите скарификација.
• Ако летото е многу суво, не треба да вршите
скарификација во есен.
Совети за прекопување:
• На површината околу корените на тревата и е
потребна голема количина воздух за да може
здраво да расте во текот на пролетта.
• Се препорачува да се врши аерација на зелената
површина на секои 4 – 6 седмици, во зависност од
нејзината состојба.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш проверувајте дали
машината е исклучена и
откачена од струја пред
да вршите проверка или
операции за одржување.
• Носете заштитни ракавици
пред да вршите проверка или
операции за одржување.
• Сечилото застанува веднаш
по исклучувањето. Почекајте
додека не сопрат сите делови
пред да извршите каква било
операција за одржување.
• Проверете дали се отстранети
сите алати по вршењето
операции за одржување.
• Никогаш не користете бензин,
растворувач,
слично за чистење. Може да
дојде до губење на бојата,
деформација или пукнатини.
За да ја исчистите машината,
користете само влажна крпа и
мека четка.
• Не користете црево со вода
и не чистете ја машината со
вода под висок притисок.
При транспорт, обрнете внимание на следните
работи:
• Исклучете го моторот, откачете ја машината од
струја и почекајте да сопре алатот за сечење.
• Приспособете ја длабочината на алатот за сечење
на висината потребна при транспорт.
• Машината секогаш транспортирајте држејќи ја за
нејзината рачка.
• Избегнувајте тешки потреси или силни вибрации.
• Прицврстете ја машината добро доколку треба да ја
товарите во возило.
алкохол
или
317
Tabla de contenido

Solución de problemas

loading

Tabla de contenido