Bosch Professional GIC 12V-5-27 C Manual Original página 346

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 53
346 | Македонски
– ако во камерата за проверка е вметната Micro-SD-картичка без именување:
стандардно именување на USB-податочната единица
– ако во камерата за проверка е вметната Micro-SD-картичка со именување: име на
Micro-SD-картичката
Зачуваните датотеки може да се ископираат, поместат или избришат од
внатрешната меморија или од Micro-SD-картичката на камерата за проверка на
вашиот компјутер.
Штом е завршена саканата постапка, нормално извадете ја податочната единица.
Напомена: секогаш прво одјавете ја податочната единица од оперативниот систем
на компјутерот (извади ја податочната единица), бидејќи во спротивно може да се
оштети внатрешната меморија на камерата за проверка.
Отстранете го USB Type-C® кабелот (камерата за проверка автоматски се
исклучува). Затворете го горниот поклопец (16) за заштита од прав и вода.
Напомена: поврзете ја камерата за проверка со компјутер само преку USB Type-C®
интерфејсот. Камерата за проверка може да се оштети доколку ја приклучите на
други уреди.
Напомена: USB Type-C® конекторот служи исклучиво за пренос на податоци, а
батерии или други уреди не можат да се полнат преку него.
Совети при работењето
Испитајте ја околината што сакате да ја проверите, а особено внимавајте на
пречките или опасните места.
Свиткајте го кабелот на камерата (1) така што главата на камерата ќе може лесно да
се воведе во околината која треба да се истражи. Внимателно водете го кабелот на
камерата.
Осветленоста на светлата на камерата (3) прилагодете ја на тој начин што сликата
добро ќе се препознае. На пример кај предметите што имаат јака рефлексија, може
да се постигне подобра слика со помалку светло или со поставување на црно-бел
контраст.
Доколку предметите што се бараат се прикажани нејасно, тогаш намалете го или
зголемете го растојанието помеѓу главата на камерата (2) и преметот.
1 609 92A 89L | (17.03.2023)
Bosch Power Tools
loading