336 | Македонски
Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или
u
одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток
спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се
прегрее.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки,
u
клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети,
што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој
u
начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од
u
производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии,
се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно
изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Бидете сигурни, дека децата не доаѓаат во допир со
копчестата батерија. Копчестите батерии се опасни.
Никогаш проголтувајте ги копчестите батерии и не ставајте ги други отвори
u
од телото. Доколку постои сомневање дека копчестата батерија е
проголтана или е вметната во друг дел од телото, веднаш побарајте
медицинска помош. Проголтувањето на копчеста батерија може во рок од
2 часа да доведе до сериозни внатрешни изгореници или смрт.
Не ја принесувајте магнетната опрема во близина на импланти
или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или
инсулинска пумпа. Магнетите на опремата создаваат поле кое
може да ја наруши на функцијата на имплантите или на
медицинските уреди.
Магнетната опрема држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и
u
уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот на опремата
може да дојде до неповратно губење на податоците.
1 609 92A 89L | (17.03.2023)
Bosch Power Tools