до потполно запирање на сечилото. Никогаш не се
обидувајте да ја тргнете пилата или да ја повлечете наназед
додека сечилото се движи или може да се појави повратен
удар. Испитајте ги и преземете корективни чекори за да ја
елиминирате причината за свиткување на сечилото.
По рестартирање на пилата во обарботуваното парче,
центрирајте го сечилото на пилата во крвината и проверете
запците на пилата да не се навлезени во материјалот.
Доколку сечилото на пилата е свиткано, може да тргне нагоре
или да излезе од обработуваното парче, кога таа ќе се стартува
Потпирајте ги големите панели како би го минимизирале
ризикот од свиткување на сечилото и повратен удар.
Големите панели имаат тенденција да се свиткаат под
сопствената тежина. Мора да биде поставена потпора под
панелот од двете страни, блиску до линијата на сечење и блиску
до работ на панелот.
Не користете отапени или оштетени сечила. Ненаострните
или не соодветно поставените сечила создаваат остра кривина
која предизвикува интензивно триење, виткање на сечилото и
повратен удар.
Длабочината на сечилото и прилагодливиот заклучувач на
рачката мора да биде стегнат и обезбеден пред да се сече.
Доколку се промени подесувањето за време на сечењето може
да дојде со свиткување иповратен удар.
Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување во
постоечки ѕидови или други армирани површини. Ако
сечилото на пилата дојде во контакт со предмети скриени под
површината, може да ги блокира и да предизвика повратен
удар.
Функција на долниот заштитен поклопец
Провререте ја долната заштита дали е соодветно затворена
пред секоја употреба. Не работете со пилата доколку
долната заштита не се движи слободно и не се затвора
моментално. Никогаш не ја затегнувајте ниту врзувајте
долната заштита во отворена позиција. Доколку пилата падне
ненамерно, долната заштита може да се свитка. Кренете ја
долната заштита со повлекување на рачката и осигурете се
дека се движи слободно не допирајќи до сечилото или било кој
друг дел под било кој агол и длабочина на засек.
Проверете го функционирањето на федерот на долната
заштита. Доколку заштитата и федерот не се отвораат
соодветно, мора пред употреба да бидат сервисирани.
Заштитата може да функционира тромо поради оштетените
делови, лепливи остатоци или насобрани делчиња.
Долната заштита треба да биде рачно повлечена само при
специјални резови како ,,резови со забодување,, или
,,сложени резови,,. Кренете ја долната заштита со
повлекување на рачката веднаш штом сечилото влезе во
материјалот, долната заштита мора да биде отпуштена. При
секое друго сечење, долната заштита мора да работи
автоматски.
Секогаш гледајте долната заштита да го покрива сечилото
пред пилата да ја спуштите на маса или под. Незаштитено
лизгање на сечилото ќе предизвика пилата да тргне наназад,
сечејќи се што ќе се најде на патот. Бидете свесни за потребното
време за кое сечилото престанува да работи, по
ослободувањето на прекинувачот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици,
цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде
штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото.
Користете систем за апсорпција на прашината и носете
соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
102
МАКЕДОНСКИ
470 315 - BKS18.indd 102
470 315 - BKS18.indd 102
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за
материјалот се сече.
Користете само ножеви за сечење дрво, специфицирани во овој
прирачник, кои се во согласност со EN 847-1.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде
нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на вашиот
електро-алат.
Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се скриша и да
излета.
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа
машина!
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-вклучено кога ја
користите пилата држејжи ја со рака.
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја користите
машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем GBS за полнење на батерии од GBS
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само
на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт
со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го
прегревањето на забчаниците.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во
батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го
прегревањето на забчаниците, а при сечењето на пластични
материи избегнете го топењето на материјалот.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електорнската циркуларното сечило може да сече надолжно и
триаголно прецизно во дрво, пластика и алуминиум.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под „Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHS), 2014/30/EU,
2006/42/EC и следните хармонизирачки нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-5:2014
EN 55014-1:2017
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2019-07-26
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
09.03.2020 17:40:59
09.03.2020 17:40:59