278 | Македонски
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максималното
отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Контрола на хоризонталната точност при нивелирање
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 m на цврста подлога
помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на еден статив или поставете
го на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
A
– Насочете го хоризонталниот ласерски зрак, кој поминува паралелно на
должинската оска на мерниот уред, на блискиот ѕид A. Оставете го мерниот уред
да се изнивелира. Означете ја средината на ласерската точка на ѕидот (точка Ⅰ).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја
средината на точката на ласерскиот зрак на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на ѕидот B, вклучете го
и оставете го да се нивелира.
1 609 92A 7S8 | (17.05.2022)
B
5 m
B
Bosch Power Tools