Milwaukee M18 HOAL Manual Original página 33

Ocultar thumbs Ver también para M18 HOAL:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 12
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
СВЕТИЛКА ЗА АКУМУЛАТОРОТ
Времетраење на осветлувањето со 1 полнење на акумулаторот односно батеријата (5,0 Ah)
високо ниво .......................................................................
средно ниво .......................................................................
ниско ниво .........................................................................
Светлосен ток
високо ниво .......................................................................
средно ниво .......................................................................
ниско ниво .........................................................................
Индекс на репродукција на боја (CRI) .......................................
Температура на бојата .................................................................
Работа во електрична мрежа
Напон .................................................................................
AC влез ..............................................................................
Номинална влезна моќност .............................................
Работа на батерија
Номинална влезна моќност .............................................
Волтажа на батеријата ....................................................
Тежина без батерија .....................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0...12,0 Ah) ....
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните
напомени и упатства. Заборавање на почитувањето
на безбедносните упатства и инструкции можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем Milwaukee 18 V за
полнење на батерии од Milwaukee 18 V систем. Не
користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување: никогаш не го насочувајте
светлинскиот зрак директно на лица ниту животни. Не
гледајте во светлинскиот зрак (не правете го тоа ниту
од поголема оддалеченост). Гледањето во светлинскиот
зрак може да предизвика сериозни повреди или губење
на силата за гледање.
Не го употребувајте апаратот во влажно опкружување.
Предупредување! За да избегнете опасноста од
пожар, од наранувања или од оштетување на
производот, коишто ги создава краток спој, не ја
потопувајте во течност алатката, заменливата батерија
или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода,
одредени хемикалии, избелувачки препарати или
производи кои содржат избелувачки супстанции, можат
да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Батериската светилка служи како извор на светлина
независен од струен приклучок.
64
МАКЕДОНСКИ
M18 HOAL
....................................... 3 h
....................................... 6 h
..................................... 12 h
................................. 4000 lm
................................. 2000 lm
................................. 1200 lm
..................................... 80
................................. 4000 K
............................ 100-240 V
... EU: 220-240 V, UK: 110 V
..................................... 50 W
..................................... 36 W
..................................... 18 V
.................................... 2,6 kg
............................ 3,1...4,1 kg
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50%
од состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Внимание! Опасност од електричен удар.
Изворот на светлина на оваа лампа смее да биде
заменет само од производителот или од сервисната
служба на производителот или пак од некое друго
квалификувано лице.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
ВНИМАНИЕ: Овој апарат може да исшушта
опасно зрачење. Не гледајте во вклучената
ламба. Тоа може да биде штетно по окото.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната категорија
II.
Електрично орудие чијашто заштита од
електричен удар не зависи само од
основната изолација туку и од тоа дали ќе се
применат дополнителните заштитни мерки
како што се двоструките изолации или
појачаната изолација.
Не постои никаква направа за приклучување
на некој заштитен вод.
Овој алат е исклучиво за внатрешна
употреба. Никогаш не го изложувајте алатот
на дожд.
Изворот на светлина и работниот
уред не може да се заменат.
LED
LED
Производов содржи извор на
светлина од класа на енергетска
ефикасност E.
L E
D
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
65
loading