фаќање прашина, проверете
All manuals and user guides at all-guides.com
дали се вклучени и дали можат
исправно да се користат.
Примената на овие направи ја
намалува опасноста од прашината.
h) Не дозволувајте искуството
стекнато со честа употреба
на алатите да ве направи
спокојни и да ги игнорирате
безбедносните принципи
при неговото користење.
Невнимателно движење може да
предизвика сериозни повреди во
дел од секунда.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И
РАКУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ
АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот.
При вашата работа користете го
предвидениот електричен алат
за таа употреба. Со соодветниот
електричен алат ќе работите
подобро и посигурно во наведената
функционална област.
b) Не користете електричен алат
чиј прекинувач е неисправен.
Електричниот алат кој повеќе не
може да се вклучува и исклучува е
опасен и мора да се поправи.
c) Исклучете го електричниот
алат од струја и/или извадете
го комплетот со батерии, ако
се одделува, пред да правите
некакви прилагодувања,
менувате дополнителна
опрема или да го складирате
електричниот алат. Со овие мерки
на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на
уредот.
d) Тргнете го електричниот алат
кој не го користите од допирот
на децата. Не допуштајте работа
со уредот на лица кои не се
запознаени со него или кои го
немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни
доколку со нив работат неискусни
лица.
e) Одржувајте го електричниот
алат и дополнителната опрема.
Имајте контрола околу тоа дали
движечките делови на уредот
работат беспрекорно и дали не
се заглавени, дали деловите
се скршени или оштетени до
таа мерка што не може да се
обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие
оштетени делови треба да се
поправат. Причина за многу
незгоди е лошо одржуваниот
електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте
ги остри и чисти. Внимателно
одржуваните алати за сечење
со остри очтрици помалку ќе се
заглавуваат и со нив работата ќе
биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор,
работни алати итн., треба да
ги користите според овие
упатства, и на начин кој е
опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид
работните услови и работата
која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели
кои не се предвидени, може да
предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за
држење одржувајте ги суви,
чисти и неизмастени. Рачките
и површините за држење што се
лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) ВНИМАТЕЛНО РАКУВАЊЕ И
КОРИСТЕЊЕ НА АПАРАТ СО
АКУМУЛАТОР
a) Полнете го акумулаторот само
во апаратите за полнење кои
се пропишани од страна на
производителот. За апаратот
за полнење кој е соодветен за
определен вид на акумулатори,
постои опасност од пожар,
доколку се употребува со други
акумулатори.
b) Користете ги електричните
алати само со специфично
назначени пакувања на батерии.
Користењето на друг вид на
батерии може да доведе до ризик
од повреда или пожар.
c) Кога батериите не се користат,
држете ги настрана од метални
предмети како штрафчиња,
парички, клучеви, клинци,
навртки или други, мали
183