Skil 0480 Manual Original página 124

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети
со батерии. Поправката на комплетите со батерии
треба да ја врши само производителот или некој
овластен сервис.
СПЕЦИФИЧНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА
ПОТКАСТРУВАЧ НА ЖИВА ОГРАДА
a) Делови од телото не смеат да дојдат во близина
на сечилото. Не отстранувајте поткастрен
материјал и не држете материјал што треба
да се поткаструва додека се движат сечилата.
Сечилата продолжуваат да се движат и по
исклучување на алатот. Момент на невнимание при
работењето со поткаструвач на жива ограда може да
доведе до сериозна лична повреда.
b) Поткаструвачот на жива ограда треба да се носи
за рачката, со запрени сечила, внимавајќи да
не се притисне некој прекинувач. Со правилно
носење на поткаструвачот на жива ограда ќе се
намали опасноста од случајно вклучување на алатот,
а со тоа и од лична повреда од сечилата.
c) При транспорт или складирање на
поткаструвачот на жива ограда, секогаш ставајте
ја заштитата за сечилото. Со соодветно ракување
со поткаструвачот на жива ограда се намалува
ризикот за лична повреда од сечилата.
d) При чистење заглавен материјал или при
сервисирање на уредот, уверете се дека се
исклучени сите прекинувачи и дека е отстранета
или исклучена батеријата. Неочекуваното
вклучување на поткаструвачот на жива ограда при
чистење заглавен материјал или при сервисирање
може да предизвика сериозна лична повреда.
e) Држете го поткаструвачот на жива ограда само
на изолираните површини за држење затоа што
сечилото може да дојде во контакт со скриени
жици. Сечила во контакт со жица под напон може да
ги електрифицираат изложените метални делови од
поткаструвачот на жива ограда и може да му зададат
струен удар на лицето кое ракува со алатот.
f) Не смее да има електрични кабли или жици
во областа за сечење. Можно е во грмушки или
живи огради да се кријат жици или кабли кои може
случајно да се исечат со сечилата.
g) Не користете го поткаструвачот на жива ограда
во лоши временски услови, особено кога постои
ризик од грмотевици. Така се намалува ризикот од
удар од гром.
ПРЕД УПОТРЕБА
Овој алат не е наменет за употреба од страна на
деца и лица со намалени физички, сензорни или
ментални способности или кои немаат искуство
и познавања
Осигурете се децата да не си играат со алатот
Не оставајте го алатот без надзор
Користете ја машината само на дневно светло или со
соодветно вештачко осветлување
Не поткаструвајте жива ограда кога е влажна
Никогаш не го користете алатот со оштететен
штитник
Проверете ја функционалноста на алатот пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да го поправи; никогаш не
отворајте го алатот сами
Пред употреба, темелно проверете ја областа за
поткастрување и отстранете ги сите страни тела што
може да се заплеткаат во сечилата за косење (како
што се камења, клинци, жици, метални потпори за
растенијата)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Носете заштитни ракавици, заштитна маска, тесни
алишта и цврсти чевли
Не ракувајте со алатот кога сте боси или кога носите
отворени сандали
Секогаш носете долги пантолони и ракави кога
работите со алатот
Држете ги другите лица и животните на растојание
од 5 метри кога работите со алатот
Заземете безбедно држење при работа (не
посегнувајте преку одредената граница, особено
кога користите скали или скалило)
Во случај да дојде до електричен или механички
дефект, веднаш исклучете го алатот и отстранете ја
батеријата
ПО УПОТРЕБА
- Чувајте го алатот во затворен простор на суво и
затворено место, подалеку од дофат на деца
- комплетот на батерии и алатот треба да се чуваат
одделно
БАТЕРИИ
Обезбедената батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*41****
- Полнач SKIL: CR1*41****
Оштетената батерија не треба и понатаму да се
користи; треба да се замени
Не расклопувајте ја батеријата
Никогаш не изложувајте ги на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алат/полнач/
батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа -20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Батериите може да експлодираат ако се изложат на
оган, па затоа никако не палете ја батеријата
5 Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на
места со температура пониска од 50°C
6 Обрнете внимание на ризикот од повреда
предизвикана од летечки отпад (држете ги
случајните минувачи на безбедно растојание
подалеку од работната површина)
124
loading