Skil 0480 Manual Original página 123

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
опасноста од лични повреди.
c) Спречете случајно вклучување. Осигурете
се дека прекинувачот е на позицијата off
(исклучено) пред приклучувањето на изворот на
напојување и/или батеријата, подигнувањето или
носењето на алатот. Носењето на електричниот
алат со вашиот прст на прекинувачот или
вклучување на електрични алати со прекинувачот
поставен на позиција on (приклучено) доведува до
несреќи.
d) Пред вклучување на електричниот алат
отстранете ги сите клучеви за подесување или
алати за навртување. Алат или клуч што е оставен
прикачен на ротациониот дел на уредот, може да
доведе до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело
време одржувајте правилен став и рамнотежа.
На тој начин можете подобро да го контролирате
електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Чувајте ги косата и облеката
подалеку од подвижните делови. Широката
облека, накитот или долгата коса може да се фатат
во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување
на апарати за вшмукување и собирање прашина,
осигурете се дека тие се правилно приклучени
и користени. Користењето на уреди за собирање
прашина може да ги намали опасностите поврзани
со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата
употреба на алатите да ве направи невнимателни
и да ги игнорирате безбедносните принципи при
нивното користење. Невнимателната активност
може да предизвика сериозна повреда во дел од
секунда.
4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА
НИВ
a) Не преоптоварувајте го електричниот алат.
Користете го правилниот електричен алат
наменет за вашата работа. Со соодветниот
електричен алат ќе ја завршите работата подобро
и побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
б) Не го користете електричниот алат ако
прекинувачот не го вклучува и исклучува. Секој
електричен алат кој не може да се контролира со
помош на приклучок е опасен и мора да се поправи.
b) Исклучете го електричниот алат од струја
и/или извадете го комплетот со батерии,
ако се одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна опрема
или да го складирате електричниот алат. Со
овие превентивни безбедносни мерки се намалува
опасноста од случајно вклучување на електричниот
алат.
c) Складирајте ги електричните алати во мирување
надвор од дофатот на деца и не им допуштајте
работа со уредот на лица кои не се запознаени
со него или кои го немаат прочитано ова
упатство. Електричните алати се опасни доколку со
нив работат нестручни лица.
d) Одржувајте ги електричните алати и
дополнителната опрема. Проверете дали има
изместување или заглавување на подвижните
делови, дали некои делови се скршени или
се во некоја друга состојба што влијае врз
работата на електричниот алат. Ако е оштетен,
однесете го алатот на поправка пред да го користите.
Многу несреќи се случуваат заради неодржуван
електричен алат. ѓ) Одржувајте ги алатите за
сечење остри и чисти. Внимателно одржуваните
алати за сечење со остри ивици помалку ќе се
заглавуваат и полесно се контролираат.
e) Електричниот алат, дополнителната опрема,
работните алати итн., треба да ги користите
според овие упатства, земајќи ги во предвид
работните услови и работата која треба да се
заврши. Употребата на електричниот алат за работи
што се поинакви од неговата намена може да доведе
до опасна ситуација.
f) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање
суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките
и површините за држење што се лизгаат не
овозможуваат безбедно ракување и контрола на
алатот во неочекувани ситуации.
5) КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТ НА БАТЕРИИ И ГРИЖА ЗА
НЕГО
a) Вршете полнење само со полначот што е
пропишан од страна на производителот. За
полначот кој е соодветен за еден вид на батерии,
постои опасност од пожар, доколку се употребува со
други батерии.
b) Користете ги електричните алати само со
посебно назначени батерии. Користењето на било
кои други батерии може да доведе до опасност од
повреда и пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како што се
спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци,
навртки или други, мали метални предмети
кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот
спој на половите на батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до
исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте
контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го
местото со вода. Ако течноста дојде во контакт
со очите, дополнително побарајте и лекарска
помош. Течноста која истекува од батеријата може
да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
којшто е оштетен или изменет. Оштетените
или изменетите батерии можат да реагираат
непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија
или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии
или алатот на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете го комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во инструкциите. Неправилното полнење или
полнењето на температура што е надвор од
наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да
ја зголеми опасноста од пожар.
123
loading