Makita PF400MP Manual De Instrucciones Original página 187

Ocultar thumbs Ver también para PF400MP:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 45
20. Држете ја предната рачка со левата рака, а
задната дршка со десната рака, без оглед
дали сте деснак или левак. Свиткајте ги
прстите и палците околу рачките.
21. Никогаш не обидувајте се да работите
со машината со една рака. Ако загубите
контрола, може да дојде до сериозна или
фатална повреда. За да го намалите ризикот
од повреди, чувајте ги рацете и стапалата
подалеку од четките или барабаните за
метење.
22. За правилна употреба, следете го
упатството за употреба на уредот за
напојување.
23. Погледнете во упатството за употреба
на уредот за напојување за начинот на
стартување и контрола на машината.
24. За време на работата, секогаш држете го
алатот со двете раце. Никогаш не држете го
алатот со една рака за време на неговата
употреба.
25. Не користете го алатот при лоши временски
услови или ако постои ризик од громови.
26. Пред работа, осигурете се дека ременот за
рамо е соодветно прикачен на алатот.
27. Не потопувајте ја машината во вода ниту
ставајте ја на влажна површина.
28. Не оставајте го алатот незаштитен надвор
на дожд.
29. За време на работата или додека ја
преместувате работната положба,
внимавајте да не се сопнете преку цревата
или цевките пред вашите нозе.
30. Кога ја користите машината на каллива
земја, влажни падини или лизгави места,
внимавајте како газите.
Транспорт
Запрете ја машината при транспорт. Во
1.
спротивно, ненамерното стартување може да
предизвика повреда.
Вибрации
1.
Изложувањето на прекумерни вибрации
може да им наштети на крвните садови
или нервниот систем на операторот и да ги
предизвика следните симптоми во прстите,
рацете или зглобовите: „Заспивање"
(отрпнатост), трнење, болка, чувство на
прободување, промена на бојата на кожата
или промена на кожата. Ако ви се случи
некој од овие симптоми, посетете доктор.
За да го намалите ризикот од „болест на бел
прст", држете ги рацете топли за време на
работата и добро одржувајте ги машината и
приборот.
Одржување и чување
1.
Одржувајте ги сите навртки и завртки
затегнати за да бидете сигурни дека
машината е во безбедна работна состојба.
2.
Доколку деловите се изабени или оштетени,
заменете ги со делови што ги обезбедува
Makita.
Складирајте ја машината на сува место
3.
надвор од дофат на деца.
4.
Кога ќе ја запрете машината за проверка,
сервисирање или складирање, исклучете ја
и осигурете се дека сите подвижни делови
целосно запреле и извадете ја касетата за
батеријата.
5.
Секогаш чистете ги прашината и
нечистотиите од опремата. За таа цел,
никогаш не користете бензин, бензол,
разредувач, алкохол или слично. Може да
дојде до менување на бојата, на обликот или
пукнатини на пластичните компоненти.
6.
Не обидувајте се да извршувате какво
било одржување или поправки што не
се опишани во оваа брошура или во
прирачникот со упатства на уредот за
напојување. За такви работи, обратете се кај
наш овластен сервисен центар.
7.
Следете ги упатствата за подмачкување и
замена на додатоците.
8.
Секогаш користете исклучиво оригинални
резервни делови и прибор. Употребата на
резервни делови или прибор од трета страна
може да резултира со кршење на опремата,
оштетување на имотот и/или тешка повреда.
9.
Побарајте го нашиот овластен сервисен
центар за проверка и одржување на
машината во редовни интервали.
10. Пред да ја складирате машината, извршете
целосно чистење и одржување. Извадете ја
касетата за батерија.
11.
Не потпирајте ја опремата на нешта како на
пример на ѕид. Во спротивно, може ненадејно
да падне и да предизвика повреда.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
Кога батеријата не се користи, држете ја
3.
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
4.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
5.
Не користете батерии или алат што се
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
187 МАКЕДОНСКИ
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido