Makita UB401MP Manual De Instrucciones Original página 186

Accesorio de soplado
Ocultar thumbs Ver también para UB401MP:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 44
29. Додека моторот работи напразно, прикачете
го ременот за рамо.
30. При работењето, користете го ременот за
рамо. Држете ја машината цврсто од вашата
десна страна.
► Сл.2
31. Држете ја предната рачка со левата рака, а
задната дршка со десната рака, без оглед
дали сте деснак или левак. Свиткајте ги
прстите и палците околу рачките.
32. Никогаш не обидувајте се да работите
со машината со една рака. Ако загубите
контрола, може да дојде до сериозна или
фатална повреда. За да го намалите ризикот
од повреди, чувајте ги рацете и стапалата
подалеку од четките или барабаните за
метење.
33. Ако машината се здобие со тежок удар или
пад, проверете ја нејзината состојба пред
да продолжите со работа. Проверете дали
има протекување во системот за гориво
и дефект кај контролните и сигурносните
уреди. Доколку има какво било оштетување
или сомнеж за тоа, побарајте проверка и
поправка од наш овластен сервисен центар.
34. Следете го прирачникот со упатства на
уредот за напојување за правилна употреба
на контролниот лост и прекинувач.
35. За време на работата или по неа, не ставајте
ја вжештената машина на сува трева или
запаливи материјали.
36. Погледнете во упатството за употреба
на уредот за напојување за начинот на
стартување и контрола на машината.
Полнење гориво
1.
Запрете го моторот пред да полните гориво.
Чувајте го настрана од отворен пламен
и искри. Никогаш не пушете за време на
полнењето гориво. Во спротивно, може да
дојде до пожар и/или експлозија.
2.
Полнете гориво на отворено. Полнење
гориво во затворена просторија може да
предизвика експлозија од пареата од горивото.
Избегнувајте контакт со гориво или
3.
моторно масло. Не вдишувајте ја пареата од
горивото. Ако се истури гориво или масло,
веднаш избришете го од машината и/или
од земјата. Ако се истури гориво на вашата
облека, веднаш пресоблечете се за да
спречите нејзино запалување.
4.
По полнењето гориво, внимателно
затегнете го капачето на резервоарот за
гориво и проверете да не протекува гориво.
Поместете се на најмалку 3 м (10 стапки) од
изворот и местото за полнење гориво пред
да го стартувате моторот.
5.
Транспортирајте го и складирајте го
горивото само во одобрени садови. Држете
ги децата подалеку од складираното гориво.
Транспорт
1.
Запрете го моторот при транспорт. Во
спротивно, ненамерното стартување може да
предизвика повреда.
2.
Осигурете безбедна положба на машината
при транспортирање со автомобил за да
избегнете истекување на горивото.
3.
При носење, подигнете ја машина целосно
од земјата. Влечењето на машината
предизвикува оштетување на резервоарот за
гориво и истекување на горивото, што може да
резултира со пожар.
4.
Кога ја транспортирате опремата, носете
ја во хоризонтална положба, држејќи ја за
оската. Држете го жешкиот придушувач
подалеку од телото.
Вибрации
1.
Изложувањето на прекумерни вибрации
може да им наштети на крвните садови
или нервниот систем на операторот и да ги
предизвика следните симптоми во прстите,
рацете или зглобовите: „Заспивање"
(отрпнатост), трнење, болка, чувство на
прободување, промена на бојата на кожата
или промена на кожата. Ако ви се случи
некој од овие симптоми, посетете доктор.
За да го намалите ризикот од „болест на бел
прст", држете ги рацете топли за време на
работата и добро одржувајте ги машината и
приборот.
Одржување и чување
1.
Одржувајте ги сите навртки и завртки
затегнати за да бидете сигурни дека
дувалката е во безбедна работна состојба.
2.
Доколку деловите се изабени или оштетени,
заменете ги со делови што ги обезбедува
Makita.
3.
Складирајте ја дувалката на сигурно место
надвор од дофат на деца.
4.
Кога ќе ја запрете дувалката за проверка,
сервисирање, складирање или менување
додатоци, исклучете ја и осигурете се дека
сите подвижни делови целосно запреле
и извадете ја касетата за батеријата или
свеќичката. Изладете ја дувалката пред
да изведувате какви било работи на неа.
Одржувајте ја дувалката со внимание и
чувајте ја чиста.
5.
Пред да ја складирате, оставете ја
дувалката да се олади.
6.
Не изложувајте ја дувалката на дожд.
Складирајте ја дувалката во затворен
простор.
7.
Кога ќе ја подигнувате дувалката, свиткајте
ги колената и внимавајте да не си го
повредите грбот.
8.
За да се намали ризикот од оган, никогаш
не сервисирајте ја опремата во близина на
оган.
9.
Секогаш чистете ги прашината и
нечистотиите од опремата. За таа цел,
никогаш не користете бензин, бензол,
разредувач, алкохол или слично. Може да
дојде до менување на бојата, на обликот или
пукнатини на пластичните компоненти.
10. По секоја употреба, стегнете ги сите
шрафови и навртки, освен оние за
нагодување на карбураторот.
186 МАКЕДОНСКИ
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido