Bosch 0 607 450 593 Manual Original página 190

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 31
OBJ_BUCH-281-006.book Page 190 Friday, September 2, 2016 2:45 PM
190 | Македонски
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека производот опишан
во „Технички податоци" е сообразен со сите релевантни
одредби на директивата 2006/42/EG вклучително и
нивните промени, како и со следните норми:
EN ISO 11148-6.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ECS,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ECS
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Уреди за безбедно ракување
 Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување или за затегање, внимавајте
на тоа, алатот најпрво да го прицврстите во уредот,
пред да го приклучите на напојување со воздух. На
тој начин нема невнимателно да го употребите.
Уред за закачување
Со окцето за закачување 4 (0 607 450 593) или со
држачот за закачување 14 (0 607 450 622) може да го
зацврстите пневматскиот алат на уред за закачување.
 Редовно контролирајте ја состојбата на окцето или
држачот за закачување и куките на уредот за
закачување.
Прицврстување на држачот за закачување
(0 607 450 622) (види слика A)
– Зашрафете го горниот, преден шраф 12 со внатрешен
шестаголен клуч (6 мм) во правец спротивен на
стрелките од часовникот на куќиштето на пневматскиот
алат.
– Извадете ги подлошките 13 и ставете ги на шрафовите
12.
– Зашрафете го држачот за закачување 14 со шрафовите
и подлошките во правец на стрелките од часовникот на
куќиштето од пневматскиот алат.
Приклучок на напојувањето со воздух
 Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 6,3 бари (91 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
1 609 92A 39P | (2.9.16)
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
0 607 450 593 (види слика B)
– Извадете го капачето за затворање 10 од приклучниот
навој на доводот за воздух 7.
– Зашрафете спојница за црево 15 на приклучниот навој
на доводот за воздух 7.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 15 треба да
притиснете на приклучниот навој на доводот за воздух
7 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 26 мм).
– Олабавете ги држачите за 16 цревото за довод на
воздух 17, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 15, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
0 607 450 622/... 626/... 627/... 628 (види слика C)
– Извадете го капачето за затворање 10 од приклучниот
навој на доводот за воздух 7.
– Зашрафете спојница за црево 18 на приклучниот навој
на доводот за воздух 7.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 18 треба да
притиснете на приклучниот навој на доводот за воздух
7 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
– Ставете го цревото за довод на воздух 17 со
соодветната спојка 19 на спојниците за црево 18.
Замена на алатот
 Прекинете го напојувањето со воздух, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле пневматскиот алат. Овие превентивни
мерки го спречуваат невнимателниот старт на
пневматскиот уред.
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0 607 450 6220 607 450 6260 607 450 6270 607 450 628

Tabla de contenido