Прва Употреба - Dremel 4200 Traducción De Las Instrucciones Originales

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
брусење, а бочната примена на сила врз брусната плоча може да
предизвика тие да се се скршат.
b. За навојни абразивни конуси и приклучоци користете само
неоштетени шајбни со осовинки со необработени прирабници
кои се со исправна големина и должина. Исправните осовинки
ќе ја намалат можноста за кршење.
c. Избегнувајте да ја заглавувате плочата за сечење или да
применувате премногу голем притисок. Не обидувајте се да
правите премногу длабоко сечење. Преоптоварувањето на
брусната плоча го зголемува напрегањето и уште повеќе ја
искривува или блокира плочата, како и можноста за повратен
удар или кршење на плочата.
d. Не доведувајте го Вашето тело во положба пред или зад
ротирачката плоча. Ако плочата на местото на работење се
движи од Вашето тело нанапред, во случај на повратен удар,
електричниот алат со ротирачката плоча може да отскокне
директно кон Вас.
e. Ако брусната плоча се заглави и иако од било која причина
престанете со работата, исклучете го алатот и држете го мирно
сè додека брусната плоча целосно не се смири. Никогаш не
обидувајте се да ја извадите плочата за сечење од работното
парче додека брусната плоча сè уште се врти, бидејќи во
спротивно може да дојде до повратен удар. Проверете и
отстранете ја причината за заглавување или блокирање на
брусната плоча.
f. Немојте повторно да го вклучувате алатот за сечење додека
тој се наоѓа во работното парче. Брусната плоча нека ја
достигне својата полна брзина и потоа внимателно продолжете
со сечењето. Брусната плоча може да се заглави, да отскокне
или да предизвика повратен удар доколку алатот повторно се
вклучи додека е во работното парче.
g. Потпрете ги плочите или големите работни парчиња за
да го намалите ризикот од блокирање на брусната плоча
и од повратен удар. Големите работни парчиња можат
да се свиткаат под својата сопствена тежина. Мора да се
стават потпирки под работното парче во близина на работ на
работното парче од двете страни на брусната плоча.
h. Бидете посебно претпазливи кога правите засечување во
постоечките ѕидови или во некои други непрегледни површини.
Плочите за сечење можат да ги пресечат гасоводните или
водоводните цевки, електричните инсталации или некои други
предмети и така да предизвикаат повратен удар.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО ЖИЧЕНИТЕ ЧЕТКИ
a. Имајте во предвид дека жичените четки и во текот на
вообичаената употреба губат парчиња од жицата. Не ги
преоптоварувајте жиците со прекумерно притискање врз
четката. Парченцата од жица можат лесно да продрат низ
тенката облека и/или да продрат до кожата.
b. Дозволете ù на четкичката да работи со работна брзина
барем една минута пред да ја користите. За ова време, никој
не треба да стои пред или покрај четкичката. При ова воведно
стартување, ќе бидат исфрлени лабавите влакна или жички.
c. Отпадоците од ротирачката жичена четка насочете ги
спротивно од Вас. Малите честички и ситните делчиња од
жицата може да бидат исфрлени под голема брзина за време на
употребата на овие четки и може да Ви се забоднат во кожата.
ПОДГОТОВКА
Секогаш исклучувајте јго алатот од електричната мрежа
пред да правите било какви измени, да менувате прибор, да
сервисирате, чистите итн. Со ова се намалува ризикот од
несакано вклучување на алатот.
ПРВА УПОТРЕБА
Четкичките во Вашиот алат се конструирани за долготрајно, сигурно
работење. За да ги подготвите четкиците за работа, алатот нека
работи 5 минути со полна брзина без оптоварување. На овој начин
четкиците исправно се позиционират („си легнуваат") за подолг
животен век на алатот.
ЗАМЕНА НА СТЕЗНАТА ЧАУРА
За Вашата алатка, на располагање Ви стојат четири стезни чаури
со различни големини, во кои можат да влезат различни видови
на вратови. Секогаш користете стезна чаура која одговара на
големината на осовинката на приборот којшто планирате да го
користите. Никогаш не форсирајте врат со поголем пречник во
стезната чаура. Големината на стезната чаура се препознава по
прстените на задниот дел од стезната чаура. Види слика 2.
• 3,2мм / 1/8" стезна чаура без прстени
• 2,4мм / 3/32" стезна чаура со три прстена (не се вклучени)
• 1,6мм / 1/16" стезна чаура со два прстена (не се вклучени)
• 0,8мм / 1/32" стезна чаура со еден прстен (не е вклучен)
Користете само стезни чаури за 4200. Стезните чаури
можете да ги нарачате преку сервисниот центар на Dremel
или да ја посетите www.dremel.com.
1. Извадете ја стезната чаура (J) oд стезната глава на дупчалката
EZ Change™ (I). Види слика 3 и 4.
a. Користете клешта со остар нос за лесно да го притиснете
прстот (L) oд стезната чаура сè додека не се ослободи од
функцијата затворено (K).
b. Повлечете и држете ги двата лоста EZ Change™ наназад
(отклучено).
c. Извадете ја стезната чаура од стезната глава.
d. Пуштете ги лостовите EZ Change™.
2. Монтирајте нова стезна чаура така што целосно ќе го монтирате
тесниот крај од новата стезна глава на главата EZ Change™.
Прстите (L) на стезната глава мора да бидат израмнети
со запирачите (K) на главата EZ Change™ за да бидат
потполно ставени.
МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ
Вашиот Dremel 4200 е опремен со механизам EZ Change™. Тој Ви
овозможува брзо и лесно да го менувате приборот без употреба на
клуч.
Користете само Dremel прибор кој е тестиран и кој е високо
продуктивен! Можете да нарачате прибор преку сервисниот
центар на Dremel или да ја посетите www.dremel.com.
Користете го EZ Speedclic за лесно да го монтирате и
демонтирате приборот EZ SpeedClic. Види слика 10.
Немојте да го користите лостовите EZ Change™ додека
работи повеќенаменскиот алат, затоа што бургијата може да
излезе.
1. Вадење на приборот. Види слика 5.
a. Повлечете и држете ги двата лоста EZ Change™ (1) колку
што одат наназад.
b. Вадење на приборот (2).
2. Монтирање на приборот. Види слика 5.
a. Повлечете и држете ги двата лоста EZ Change™ (1) колку
што одат наназад.
b. Вметнете го приборот во стезната чаура колку што оди
наназад (2) за да го минимизирате отстапувањето и
дебалансот.
c. Ослободете ги лостовите EZ Change™ (3).
d. Притиснете ги лостовите EZ Change™ нанапред (затворено)
за потполно да ја осигурате бургијата.
Уверете се дали приборот е исправно осигуран. Лабавиот
прибор може неочекувано да се помести или да испадне,
и да предизвика губење на контролата. Секогаш користете
стезна чаура која одговара на големината на основата на
приборот којшто планирате да го користите.
Доколку се случува лизгање на приборот додека е во
употреба, алатот треба да се сервисира.
95
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

4200jc

Tabla de contenido