6.5.1
Осигурувач од страна на
мрежата
6.5.2
Одржување
6.5.2.1
Проверете ја изолациската
отпорност на намотката на
моторот
Упатство за вградување и работа Wilo-Flumen OPTI-TR 20-1, 28-1, 30-1, 40-1 Wilo-Flumen EXCEL-TRE 20, 30, 40
Инсталација и електрично поврзување
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради неправилно приклучување!
• Електричниот приклучок на погонот за мешање секогаш се изведува
надвор од подрачјето со опасност од експлозија. Ако приклучувањето
мора да биде во рамките на подрачјето со опасност од експлозија, треба
да се изведе во куќиште одобрено за експлозивни подрачја (вид на
заштита согласно DIN EN 60079-0)! Ако не внимавате, постои опасност по
животот поради експлозија!
• Поврзете проводник за еднаков потенцијал на означениот терминал за
заземјување. Терминалот за заземјување треба да биде во подрачјето на
кабелот за поврзување. За проводникот за еднаков потенцијал треба да се
употреби кабел со пресек согласно локалните прописи.
• Приклучувањето мора секогаш да го прави стручен електричар.
• Внимавајте и на дополнителните информации во поглавјето за заштита од
експлозии во прилог на ова Упатство за вградување и работа во однос на
електричното поврзување!
▪ Приклучувањето на мрежата мора да соодветствува на податоците од натписната
плочка.
▪ Напојувањето на трифазниот мотор од страна на мрежата е со вртежно поле во
насока на часовникот.
▪ Кабелот за поврзување мора да е поставен согласно локалните прописи и да е
поврзан според шемата на жиците.
▪ Приклучете уреди за надгледување и проверете дали функционираат.
▪ Изведете го заземјувањето согласно локалните прописи.
Заштитна склопка на вод
Големината и карактеристиките на прекинувачот на заштитната склопка на вод,
се одредува според номиналната струја на поврзаниот производ. Внимавајте на
локалните прописи.
Заштитен прекинувач на мотор
За производи без приклучок, предвиден е заштитен прекинувач на моторот!
Според локалните прописи, минималните побарувања се термален реле/
заштитен прекинувач на моторот со компензација за температурата,
диференцијален активатор и блокада од повторно вклучување. Во случаи на
чувствителна електрична мрежа, предвидено е корисникот да обезбеди
дополнителна заштитна опрема (на пр. реле за наднапон, поднапон или
откажување на фаза итн.).
Заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD)
Придржувајте се до прописите на локалната служба за електродистрибуција!
Употребата на заштитен прекинувач за резидуална струја е препорачано.
Треба да се приклучи заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD) во случаи
кога е можно лицата да дојдат во контакт со производот и со протокот на
течности.
Пред инсталацијата треба да го направите следното:
▪ Да ја проверите изолациската отпорност на намотката на моторот.
▪ Да ја проверите отпорноста на температурниот сензор.
▪ Да ја проверите отпорноста на електродата за заварување (опционално вклучена).
Кога измерената вредност отстапува од податоците:
▪ Може да има влажност во моторот или кабелот за поврзување.
▪ Можеби уредот за надгледување е во дефект.
Консултирајте се со службата за односи со корисниците доколку се појави
грешка.
Измерете ја изолациската отпорност со тестер на изолацијата (напон на
мерењето = 1000 V). Придржувајте се до следните вредности:
mk
703