Wilo Flumen OPTI-TR 20-1 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 696

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1092
mk
6.4
Инсталација
696
Инсталација и електрично поврзување
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот додека се прави инсталација!
Обезбедете го местото на инсталација додека ја вршите инсталацијата со тоа
што ќе го исчистите и дезинфицирате. Ако постои можност за контакт со
медиуми опасни по здравјето, внимавајте на следниве работи:
• Носете заштитна опрема:
⇒ затворени заштитни очила
⇒ Заштита за устата
⇒ Заштитни ракавици
• Веднаш бришете ги капките.
• Внимавајте на податоците за работните правила! Раководителот мора да
се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните
правила!
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и работењето каде што има
опасност од паѓање се смета за опасна работа. Не смеете сами да работите во
такви услови! Треба да биде присутно второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност за повреди по рацете и стапалата и опасност од паѓање
поради недостаток од заштитна опрема!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се работи. Носете ја следната
заштитна опрема:
• Безбедносни ракавици за заштита од исекотини
• Заштитни чевли
• Спрега за заштита од пад
• Доколку дојде до потреба од опрема за подигнување товар, мора да се
носи и заштитен шлем!
ВНИМАНИТЕЛНО
Материјални штети поради погрешно прицврстување
Погрешното прицврстување може да предизвика ограничување и оштетување
на погонот за мешање и на неговата функционалност.
• Кога се прицврстува на бетонски градби, употребете сидро за поврзување за
да го изведете прицврстувањето. Внимавајте на прописите за монтажа на
производителот! Строго придржувајте се до податоците за температурата и
времињата потребни за зацврснување.
• Кога се прицврстува на челични градби, проверете ја градбата дали е доволно
цврста. Употребувајте материјал за прицврстување со доволна цврстина!
Употребувајте материјали што се отпорни на електрохемиска корозија!
• Цврсто стегнете ги сите навојни врски. Придржувајте се до податоците за
вртежниот момент.
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на погонот за мешање. Осигурете се дека погонот за мешање нема да се
заглави за време подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја
WILO SE 2019-01
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido