Wilo HC 20.1 + EMU FA Serie Manual De Instrucciones página 659

Ocultar thumbs Ver también para HC 20.1 + EMU FA Serie:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1115
7.7
За време на работа
Упатство за вградување и работа Wilo Motor HC 20.1 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID
Пуштање во работа
ОПАСНОСТ
Опасност од експлозија поради прекумерен притисок во
хидрауликата!
Ако засунот на вшмукателната и притисочната страна е приклучен за време на
работата, течноста во хидрауликата се загрева со движењето. Поради
загревањето во хидрауликата повеќе нема висок притисок. Притисокот може
да доведе до експлозија на пумпата! Уверете се дека сите засуни се отворени
за време на работата. Веднаш отворете ги затворените засуни!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исекување на рацете поради ротирачки делови!
Работниот простор на пумпата не е предвиден како простор каде што ќе
минуваат сите! Постои опасност од (тешки) повреди поради ротирачки
делови! Не смее никој премногу да се задржува во работниот простор кога се
вклучува и додека работи пумпата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време на работата. Може да се
изгорите. По исклучување треба да оставите пумпата да се излади на
температурата на околината!
НАПОМЕНА
Проблеми со пумпање поради прениско ниво на водата
Кога транспортираниот медиум тоне предлабоко, може да дојде до
прекинување на протокот на медиумот. Понатаму може да се појават
меурчиња во хидрауликата, коишто може да предизвикаат неправилна работа.
Минималното ниво на водата мора да биде до горниот раб на хидрауличното
куќиште!
Внимавајте на локалните прописи од следните полиња додека работите со
пумпата:
▪ Сигурност на работното место
▪ Спречување несреќи
▪ Ракување со електрични машини
Строго придржувајте се до утврдениот работен распоред на раководителот.
Персоналот е одговорен за придржувањето до распоредот и до прописите!
Центрифугалните пумпи имаат ротирачки делови коишто се лесно пристапни.
Можно е овие делови да имаат остри рабови. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Постои
опасност за исекотини и отсекување на рацете! Проверувајте ги следниве точки
на редовни интервали:
▪ Работниот напон (+/-10 % од измерениот напон)
▪ Фреквенцијата (+/-2 % од измерената фреквенција)
▪ Потрошувачката на струја на поединечните фази (макс. 5 %)
▪ Разликата во напонот меѓу поединечните фази (макс. 1 %)
▪ Макс. зачестеност на вклучување
▪ Минималното покривање со вода во зависност од работниот режим
▪ Прилив: да не влегува воздух.
▪ Управување со нивото/заштита од работа на суво: Точки на прекинувач
▪ Тивка работа/работа со малку вибрации
▪ Сите засуни се отворени
Работа во граничното подрачје
Пумпата може да се доведува до максималната работна граница краткотрајно
(макс. 15 мин/дневно). Кога работи при максималната работна граница, се
добиваат работни податоци со големи отстапувања. НАПОМЕНА! Забранета е
mk
659
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido