Wilo HC 20.1 + EMU FA Serie Manual De Instrucciones página 665

Ocultar thumbs Ver también para HC 20.1 + EMU FA Serie:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1115
9.4.2
Интервали на одржување при
отежнати услови
9.5
Мерки за одржување
9.5.1
Визуелна проверка на кабелот
за поврзување
9.5.2
Визуелна проверка на опрема
Упатство за вградување и работа Wilo Motor HC 20.1 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID
Сервисирање
▪ Замена на масло на заптивна комора
НАПОМЕНА! Кога е вградено надгледување на заптивна комора, се прави
замена на масло по приказот!
15.000 работни часови или најдоцна по 10 години
▪ Генералка
Доколку работните услови се тешки, дадените интервали на одржување треба да
се скратат. Отежнување на условите има во случаи на:
▪ Транспортирани медиуми со долговлакнести состојки
▪ Турбулентен проток (пр. поради навлезен воздух, кавитација)
▪ Транспортирани медиуми со силен корозивен или абразивен ефект
▪ Транспортирани медиуми со многу гасови
▪ Работа на неповолно место
▪ Зголемување на притисокот
Ако ја употребувате пумпата во отежнати услови, се препорачува одредување и
договарање на процесот на одржување. Обратете се кај службата за односи со
корисниците.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работното коло и вшмукателната наставка имаат остри рабови!
Може да има остри рабови на работното коло и вшмукателната наставка.
Постои опасност од исекување на рацете! Треба да носите заштитни ракавици
за да се заштитите од исеченици.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Повреди по рацете, нозете или очите поради заштитна опрема што
паѓа!
Постои опасност од (тешки) повреди додека се работи. Носете ја следната
заштитна опрема:
• Безбедносни ракавици за заштита од исекотини
• Заштитни чевли
• Затворени заштитни очила
Пред да почнете со спроведување на мерките за одржување, треба да ги
исполните следните предуслови:
▪ Пумпата да биде изладена на температура на околината.
▪ Пумпата да биде темелно исчистена и (ако е потребно) дезинфицирана.
Проверете го кабелот за поврзување за:
▪ Набабрувања
▪ Пукнатини
▪ Гребаници
▪ Разлабавеност
▪ Нагмеченост
Кога ќе утврдите оштетување на кабелот за поврзување, вендаш отстранете ја
пумпата од употреба! Заменете го кабелот за поврзување со помош на службата
за односи со корисниците. Можете да ја вратите пумпата во работа откако ќе се
отстрани штетата од страна на стручно лице!
ВНИМАНИТЕЛНО! Во пумпата може да навлезе вода поради оштетен кабел за
поврзување! Навлегувањето вода може води кон тотално расипување на
пумпата.
Опремата треба да се провери за:
▪ Правилно прицврстување
▪ Слободна функција
▪ Знаци на трошење, на пример, исекотини поради нишања
mk
665
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido