Wilo HC 20.1 + EMU FA Serie Manual De Instrucciones página 663

Ocultar thumbs Ver también para HC 20.1 + EMU FA Serie:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 1115
9
Сервисирање
9.1
Лична квалификација
9.2
Обврската на раководителот
9.3
Работен материјал
9.3.1
Разладно средство P35
Упатство за вградување и работа Wilo Motor HC 20.1 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID
Сервисирање
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по животот, треба да се
деконтаминира по демонтажа со се сите нејзини делови! Постои опасност по
животот! Внимавајте на податоците за работните правила! Раководителот
мора да се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните
правила!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на пумпата. Осигурете се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја максимално дозволената
носивост на опремата за подигнување! Проверете ја опремата за подигнување
дали функционира беспрекорно!
▪ Одржувањето секогаш треба да се прави на чисто место со добра проветреност.
Пумпата мора да биде безбедно поставена и обезбедена.
▪ Треба да се врши само одржување како што е опишано во овие упатства за
вградување и работа.
▪ Носете ја следната заштитна опрема додека вршите одржување:
– Заштитни очила
– Заштитни чевли
– Заштитни ракавици
▪ Работа со електриката: На електриката мора да работи само стручен електричар.
▪ Одржување: Стручното лице мора да е запознаено со работните материјали и
како да ги фрли во отпад. Освен тоа, стручното лице мора да има основни
познавања од дизајнот на машината.
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна опрема на располагање којашто
треба да ја носи персоналот.
▪ Соберете го работниот материјал во соодветен сад и фрлете го прописно.
▪ Прописно фрлете ја употребената заштитна облека.
▪ Користете само оригинални делови од производителот. Ако употребите други
неоригинални делови, производителот нема да преземе одговорност за
производот.
▪ Веднаш отстранете го протечениот медиум што се транспортира и работните
материјали и фрлете го согласно важечките локални прописи.
▪ Ставете ги на располагање потребните алати.
▪ Доколку користите лесно запаливи раствори и средства за чистење, забрането е
да има отворен пламен или да пушите.
Разладното средство P35 е мешавини на вода-гликол, каде што 35% е
концентрат на „Fragol Zitrec FC", а 65% е деминерализирана вода или дестилат. За
дополнување на разладниот систем се користат само концентрациите дадени со
специфични соодноси.
ВНИМАНИТЕЛНО
Оштетување на моторот поради погрешна концентрација или
сооднос на мешавина!
Ако користите други концентрации, моторот може да се оштети! Ако
соодносот на мешавина се разликува, не е загарантирана заштита од корозија
и мраз! Користете ги само наведените концентрации во соодност 35:65.
mk
663
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido