1. Регулирајте го подмачкувањето на синџирот преку
завртката за прилагодување, којашто се наоѓа под
уредот.
Вртење спротивно од сказалките на часовникот =
големо количество на масло (MAX)
Вртење во насока на сказалките на часовникот =
мало количество на масло (MIN)
Подмачкувањето на синџирот е прилагодено
правилно, доколку синџирот за време на
работата исфрлува мало количество на масло.
Синџир и водечка шина
Синџирот и водечката шина се изложени на големи
барања и големо абење. Веднаш сменете ги
синџирот и водечката шина, доколку не е гарантирано
беспрекорното функционирање.
Острење на синџирот
Само со остар и чист синџир можете да
работите безбедно и добро. Оштетените
или неправилно наострените синџири ја
зголемуваат опасноста од повратен удар!
Синџирот мора да се наостри, кога
наместо пилевина, се исфрла само дрвена
прашина
градинарскиот нож за време на острењето мора да
се притисне низ дрвото.
За неискусниот корисник: Препуштете го острењето на
синџирот на стручно лице/кориснички сервис.
Во случај кога сами го острите синџирот, обрнете
внимание на следните вредности и употребувајте
ја испорачаната округла турпија (посебна додатна
опрема можете да добиете кај овластените трговци).
Тип на синџир
Округла турпија
Растојание на
длабочинското
мерило T
Агол на острење α
Агол на сечење β
Должина на
стругалката a
512
Oregon 91 P0
Ø 5,5 mm (7/32")
0,64 mm (.025")
25°
60°
min. 3 mm
При острење, одземајте помалку материјал!
За острење на Вашиот синџир Ви препорачуваме уред
за острење на синџир
Чистење на водечката шина (16)
Редовно контролирајте и чистете ги отворите за
истекување на масло на водечката шина и на
водечкиот отвор.
Отстранете ги нерамнините коишто се формирале
со плосната турпија.
По секое менување/острење на синџирот, свртете
ја водечката шина, за да се избегне едностраното
абење.
Веднаш заменете ја оштетената водечка шина!
Запчаник
Оптоварувањето на запчаникот е особено
големо. Редовно проверувајте ја изабеноста или
оштетувањето на запците од запчаникот.
Чистете го запчаникот и зацврстувањето на водечката
шина со четка.
Изабениот или оштетениот запчаник го
намалува траењето на синџирот и поради
тоа веднаш треба да се замени од страна на
корисничкиот сервис.
Поставување на ножиците за потстрижување
По секоја употреба, проверете ја изабеноста
на ножиците за потстрижување, особено
лизгачкото растојание на уредот за сечење.
Прилагодување на уредот за сечење
Прилагодете го лизгачкото растојание, кога
искосениот материјал се заглавил меѓу ножевите,
растојанието, по подолга употреба, се зголемило
преку нормалното абење на уредот за сечење.
За постигнување на добри резултати при сечењето,
лизгачкото растојание меѓу сечилото и мечот треба да
биде прилагодено точно.
1. Разлабавете ги завртките на горната страна од
уредот за сечење (11-2).
2. Лесно навртете ги завртките на долната страна
(11-3) (ев. претходно разлабавете ги малку).
3. Завртете ги завртките една четвртина до половина
вртеж спротивно од сказалките на часовникот.
Оригинално упатство за употреба