чизми отпорни на лизгање (безбедносни чевли) со
заштита од сечење и заштитна капа за ножните
прсти
апарат за гасење на пожар и лопата (за време на
работата можат да настанат искри)
материјал за прва помош
ако е потребно, мобилен телефон
Безбедносни напомени – Пред работата
Следните проверки извршете ги пред пуштањето
во употреба, како и редовно, за време на работата.
Обрнете внимание на соодветните поглавја во
оригиналното упатство за употреба:
Дали уредот е комплетен и инсталиран според
прописите?
Дали уредот се наоѓа во добра и безбедна
состојба?
Дали рачките се чисти и суви?
Пред почетокот на работата, бидете сигурни дека:
во работното опкружување не се наоѓаат други
луѓе, деца или животни
Ви е овозможено повлекување без пречки
подрачјето на стапалото е ослободено од сите
туѓи тела, троскот и гранки.
се гарантира безбедно стојалиште.
Дали на местото на работа постои ризик од
сопнување? Одржувајте го работното опкружување
уредно! Нередот може да доведе до несреќи како
последица - опасност од сопнување!
Земете ги во предвид влијанијата на
опкружувањето:
Немојте да работите во услови на недоволна
светлина (на пр. при магла, дожд, снег или
самрак). Во подрачјето на настаните нема да
можете да ги забележите деталите – опасност
од несреќа!
Немојте да го употребувате уредот во близина
на запаливи течности или гасови - опасност
од пожар!
Корисникот е одговорен за несреќите и
опасностите, кои може да настанат по други
лица или по нивниот имот.
Безбедносни напомени - Работа
Никогаш немојте да работите со една рака. Држете
го уредот цврсто, секогаш со двете раце.
Никогаш немојте да работите
со раширени раце
на тешко достапни места
над висината на рамениците − стоејќи на
скала, скеле или дрво.
Работете на нелизгав и рамен терен. Избегнувајте
неправилно држење на телото. Погрижете се за
безбедно стојалиште и во секое време одржувајте
ја рамнотежата.
502
Кога правите паузи во работата, исклучувајте го
уредот и сместете го така, што никој нема да биде
загрозен. Обезбедете го уредот од неовластен
пристап.
Безбедносни напомени – За време на работата
Никогаш немојте да работите сами. Постојано
одржувајте го аудитивниот и визуелниот контакт
со другите лица, за во случај на итност веднаш да
може да Ви се даде помош.
Веднаш запрете го моторот во случај на опасност
којашто се заканува или во случај на итност.
Никогаш немојте да го оставете уредот да работи
ненадгледуван.
Уредот создава штетни материи! Никогаш немојте
да го оставате да работи во затворени или лошо
проветрени простори. Погрижете се за доволно
циркулирање на воздух, ако работите во отвори,
ровови или ограничени простори. Постои опасност
од труење со јаглерод моноксид или смрт од
задушување!
Веднаш прекинете со работа, ако се појават
физички проблеми (на пр. главоболка, вртоглавица,
мачнина итн.) - Постои зголемена опасност од
несреќа!
Немојте да ја преоптоварувате машината! Ќе
работите подобро и побезбедно во наведениот
опсег на моќност.
За време на работата, вметнувајте паузи, за
моторот да може да се излади.
Немојте да го ставате жешкиот уред на сува трева
или на запаливи предмети.
Никогаш немојте да ги допирате придушувачот и
моторот, додека уредот работи или непосредно по
неговото запирање. Опасност од изгореници!
Вибрации
Во случај кога лица со нарушувања во циркулацијата
пречесто се изложуваат на вибрации, можат да се
појават оштетувања на нервниот систем или на
крвните садови.
Можете да ги намалите вибрациите:
со цврсти, топли ракавици за работа
намалување на работното време (вметнување на
повеќе долги паузи)
Ако Вашите прсти отекуваат, ако не можете да ги
чувствувате или ако не се чувствувате добро, отидете
на лекар.
Оригинално упатство за употреба