При вклучување, градинарскиот нож треба да има
безбедна поддршка и да се држи цврсто. Синџирот
и водечката шина треба да бидат слободни.
Почнете со сечење дури тогаш, кога синџирот го
постигнал потполниот број на вртежи.
Не обидувајте се да изведувате веќе постоечки
засек.
Немојте да го користите градинарскиот нож за
подигнување или движење на дрво.
Сечете разделено дрво со претпазливост. Постои
опасност од повреда од расцепени парчиња дрво.
Работете со градинарскиот нож само на безбедно
стојалиште.
Заради избегнување на еднострано држење при
работата, редовно менувајте ја положбата додека
работите.
Внимавајте на тоа, дрвото да нема туѓи тела
(клинци итн.).
Бидете претпазливи на крајот на сечењето со
пилата. Тежината се менува, штом градинарскиот
нож ќе се извади од дрвото. Постои опасност од
несреќа по нозете и стапалата.
Отстранувајте го градинарскиот нож од засекот
само со активен синџир.
Доколку синџирот се заглави во дрвото, веднаш
исклучете го уредот. За повторно ослободување на
водечката шина употребете клин.
Никогаш не допирајте жичена ограда или тло со
активен синџир.
При паузи во работењето, градинарскиот нож треба
да се обезбеди (се поставува заштита на синџирот)
и да се одложи на страна, така што никој нема да
биде загрозен. Обезбедете го градинарскиот нож
од неовластен пристап.
Исклучете го уредот и извлечете го приклучокот за
свеќичката при:
Допирање на градинарскиот нож со почва,
камења, клинци или други туѓи тела. Веднаш
проверете го синџирот и водечката шина
Поправки
Одржување и чистење
Отстранување на дефекти
Транспорт
Затегнување на синџирот
Промена на синџирот
Напуштање на машината (исто така и во случај
на краткотраен прекин)
Безбедносни напомени за ножиците за
потстрижување
Задолжително отстранете ги туѓите делови од
живата ограда (на пр. жица), бидејќи тие можат
да го оштета уредот за сечење на ножиците за
потстрижување.
Претпазливо со надземни далноводи.
504
Држете ги рацете и стапалата подалеку од уредот
за сечење, кога тој е во движење.
Немојте да ги користите ножиците за
потстрижување за подигнување или чистење на
парчиња од дрво или други предмети.
Кога ќе ја отпуштите рачката за гас, уредот за
сечење работи уште малку време (ефект на
слободна работа).
Почнете го сечењето со активиран уред за сечење.
Немојте да употребувате тап, напукнат или
оштетен уред за сечење.
Никогаш не допирајте жичена ограда или тло со
активен уред за сечење.
Исклучете го моторот и оставете ја машината да се
смири, ако
уредот за сечење допре некое туѓо тело.
се засили бучавата при работата.
машината вибрира невообичаено силно. Во тој
случај, извлечете го приклучокот за свеќичката
од свеќичката и преземете ги следните мерки:
- проверете дали машината е оштетена;
- проверете дали има разлабавени делови и
зацврстете ги сите;
- заменете ги оштетените делови со
еквивалентни или поправете ги.
Исклучете го моторот и извлечете го приклучокот
за свеќичката
заради отстранување на заглавен исечен
материјал
заради отстранување на дефекти
при паузи во работата
пред напуштање на ножиците за
потстрижување
Оригинално упатство за употреба