Bosch Professional GAS 18V-10 L Manual Original página 131

Ocultar thumbs Ver también para Professional GAS 18V-10 L:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
OBJ_BUCH-3068-001.book Page 131 Tuesday, February 21, 2017 7:35 AM
Исчистете го/заменете го филтерот
(види слики G1–G2)
Веднаш заменете го оштетениот филтер.
– Отворете ги затворачите 2 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 5.
– Свртете го филтерот 27 до крај во правецот на вртење
" и извадете го од држачот за филтер 28.
– Филтерот е сув:
Потчукнете го филтерот 27 на соодветен сад за отпад.
Внимавајте на тоа да не се оштетат ламелите на
филтерот.
Исчеткајте ги ламелите на филтерот со меко метличе.
или
Филтерот е влажен:
Исплакнете го филтерот 27 под млаз вода и потоа
добро исушете го.
или
Заменете го оштетениот филтер.
– Ставете го филтерот 27 над држачот за филтер 28 и
свртете го до крај во правецот на вртење „
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 5 и
затворете ги затворачите 2.
Бидете сигурни дека затворачите безбедно ќе се
вклопат.
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на вшмукување:
– Дали е полн контејнерот 1?
▷ Види „Чистење на садот", страна 130.
– Дали филтерот 27 е запушен со прав?
▷ Види „Исчистете го/заменете го филтерот",
страна 131.
– Дали е преслаб капацитетот на батеријата?
▷ Види „Полнење на батеријата", страна 129.
Редовното празнење на садот 1 и чистењето на филтерот
27 гарантира оптимален капацитет на всисување.
Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина
на вшмукување, однесете го вшмукувачот во сервисната
служба.
Чување (види слика H)
– Ставете ги цевките за вшмукување 18 во држачите 22.
– Ставете ги млазниците за фуги 16 во цевката за
всисување 18.
– Ставете ги подните млазници 17 во држачот 23.
– Свиткајте го цревото за всисување 13 од долу околу
држачот 23 и прицврстете ги врвките за држење 29.
– Носете го вшмукувачот само за рачката за носење 6.
– Складирајте го вшмукувачот во сува просторија и
заштитете го од неовластено користење.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Bosch Power Tools
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
".
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Вшмукувачот, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не го фрлајте вшмукувачот и батериите
во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива 2012/19/EU
вшмукувачите што се вон употреба и дефектните или
искористените батерии според регулативата 2006/66/Eв
мора одделно да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт",
cтрана 131.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 131
1 609 92A 3MV | (21.2.17)
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido