OBJ_BUCH-3068-001.book Page 130 Tuesday, February 21, 2017 7:35 AM
130 | Македонски
За да се овозможи оптимален капацитет на всисување,
мора секогаш целосно да го одвиткате цревото за
всисување 13 од држачот на цревото за всисување 23.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
Поради безбедносни причини всисувачот не се вклучува,
ако го држите притиснато копчето за вклучување-
исклучување 3 подолго од 5 s.
Вшмукување на суви материјали
Вшмукување на наталожена прав
– За вклучување на всисувачот, кратко притиснете го
копчето за вклучување-исклучување 3.
– За исклучување на вшмукувачот, одново притиснете
го копчето за вклучување-исклучување 3.
Вшмукување на правта што се создава додека работат
електричните апарати (види слика E)
Мора да постои доволен степен на проток на воздух
(L) во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа
во просторијата. Внимавајте на односните прописи
во земјата.
– Монтирање на адаптерот за всисување 14 или
свитканата млазница 15 (види „Монтирање на
адаптерот за всисување или заоблената млазница",
страница 129).
– Вметнете го адаптерот за всисување 14 или свитканата
млазница 15 во млазниците за всисување на
електричниот алат.
Само со користење на адаптер за всисување 14:
Напомена: При работење со електричниот алат, чијшто
довод на воздух до цревото за всисување е низок (на пр.
убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот за
дополнителен воздух 26 на адаптерот за всисување 14. Со
тоа се подобрува целокупниот капацитет на всисувачот и
на електричниот алат.
Притоа, свртете го прстенот над отворот за дополнителен
воздух 26, додека не се отвори до максимум.
Вшмукување на влажни материјали
Со вшмукувачот не вшмукувајте запаливи или
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не вшмукувајте
жешка или запалива прав. Не го користете
вшмукувачот во простории каде постои опасност од
експлозија. Правта, пареата или течностите може да се
запалат или да експлодираат.
– Испразнете го садот од влажните всисани материи 1.
– Исчистете го филтерот 27 (види „Исчистете
го/заменете го филтерот", страница 131).
Вшмукувачот е опремен со пловка. Откако ќе се постигне
максималната висина на полнење, вшмукувањето ќе се
прекине.
– Испразнете го контејнерот 1.
За да се избегне создавањето на мувла по вшмукувањето
на влажни материјали:
1 609 92A 3MV | (21.2.17)
– Извадете го горниот дел на вшмукувачот 5 и оставете го
добро да се исуши.
– Извадете го филтерот 27 и исто така оставете го добро
да се исуши (види „Исчистете го/заменете го
филтерот", страница 131).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или
тргање настрана. Овие мерки за предупредување го
спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
За одржување од страна на корисникот, вшмукувачот
мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
вшмукувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира вшмукувачот, мора добро да биде проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна опрема.
По одржувањето, исчистете го просторот каде сте
работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е са се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали вшмукувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај вшмукувачите од класа L, што се користеле во нечиста
околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите
машински делови или да се третира со средство за
дихтување. Пред да извршите било какви поправки, сите
загадени делови што не може доволно да се исчистат,
мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат
во непропустливи кеси во согласност со важечките
одредби за отстранување на ваков отпад.
– Повремено исчистете го куќиштето на вшмукувачот со
влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува
крпа.
Чистење на садот (види слики F1–F2)
Исчистете го садот 1 по секоја употреба, за да го одржите
оптималниот капацитет на всисувачот.
– Отворете ги затворачите 2 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 5.
– Истресете го садот 1 над соодветен сад за отпад.
– Доколку е потребно, исчистете го садот со една влажна
крпа.
Доколку е потребно, исчистете го филтерот (види
„Исчистете го/заменете го филтерот", страница 131).
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 5 и
затворете ги затворачите 2.
Bosch Power Tools