OBJ_DOKU-27392-004.fm Page 174 Thursday, December 17, 2015 4:56 PM
174 | Македонски
Доколку не сте го користеле мерниот уред подолг период, извадете ја
батеријата. При подолго складирање, батериите може да кородираат или да
се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го мерниот
уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При
екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на
мерниот уред може да се наруши.
– Поставете го мерниот уред на растојание од најмалку 50 см од ротацискиот
ласер. Поставете го мерниот уред на тој начин што ласерскиот зрак ќе
достигне до приемното поле 6. Ротацискиот ласер поставете го на највисока
брзина на ротација.
Вклучување/исклучување
При вклучување на мерниот уред се слуша гласен сигнален тон. „Нивото
на звучен притисок на сигналниот тон оценето со А, на 0,2 м растојание
изнесува до 95 dB(A)."
Не го држете мерниот уред близу до увото! Гласниот тон може да го оштети
слухот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го мерниот уред само доколку го
користите.
– За вклучување на мерниот уред притиснете го копчето за вклучување-
исклучување 1. Се огласуваат двата сигнални тона и кратко светнуваат сите
прикази на екранот.
– За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го копчето за
вклучување-исклучување 1.
Доколку околу 10 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред и до
приемното поле 6 10 мин. не достигне ласерски зрак, мерниот уред автоматски
се исклучува заради заштита на батеријата. Исклучувањето се означува со
сигнален тон.
1 609 92A 275 | (17.12.15)
Bosch Power Tools